Wilo-Comfort CO-/COR-Helix V.../CC
Особености/предности на производот
- Робусен систем во согласност со DIN 1988 (EN 806)
- Високо ефикасна хидраулика на пумпа
- Севкупна постројка со оптимизирано опаѓање на притисокот
- 2 - 6 паралелно поврзани вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix V
- Комфорен контролен уред CC, со проширени функции, управување со микрокомпјутер и екран на допир, без или со фреквентен конвертор за континуирана регулација на основната пумпа
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Високопродуктивна, подготвена за приклучување постројка за водоснабдување (нормално вшмукувачка), со 2 до 6 паралелно поврзани, вертикално подредени високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик во сува изведба, од серијата Helix V, со вкл. Comfort Controller CC (достапен со и без фреквентен конвертор)
Примена
- Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
- Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки
Опрема/функција
- 2 – 6 пумпи по постројка од сериите Helix V 4 до Helix V 52 со IE3 норм-мотор, заклучно 0,75 kW и поголем (опционално за помала моќност на мотор)
- Автоматско управување со пумпите преку Comfort Controller CC. Постројките COR се дополнително опремени со фреквентен конвертор во разводниот орман.
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
- Цевковод од племенит челик 1.4404
- Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
- Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
- Давач на притисок, притисочна страна
- Манометар, притисочна страна
- Изборно со осигурување од недостаток на вода со манометар, вшмукателна страна
Означување на типот
Пр.: | Wilo-COR-4 Helix V 2203/1/K/CC |
CO | Компактна постројка зголемување на притисокот |
R | Регулација на соодветната основна пумпа преку фреквентен конвертор во расклопен уред |
4 | Број на пумпи |
Helix V | Серија на пумпи |
22 | Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа |
03 | Број на степени на единечна пумпа |
1 | Број на исклучени работни кола на една пумпа |
K | Со патронска прстенеста заптивка |
CC | Регулатор; CC = Comfort-Controller |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~230 V/400 V ± 10%, 50 Hz
- Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
- Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
- Приливен притисок 10 бари
- Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½" - DN 200
- Приклучни номинални дијаметри R 1½" - DN 200
- Номинален број на вртежи 2850 1/мин
- Вид заштита IP 54 (контролен уред СС)
- Осигурување од страната на мрежата AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
- Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
- вода за пиење и загреана вода за пиење
- Вода за ладење
- Вода за гасење
Материјали
Helix V 4 до Helix V 16
- Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
- Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
- 1.4404 заштитен муф на вратило
- Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
- Цевковод од племенит челик 1.4404
Helix V 22 до Helix V 52
- Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
- Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик 1.4308
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
- 1.4404 заштитен муф на вратило
- Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
- Цевковод од племенит челик 1.4404
Конструкција
- Основна рамка: поцинкуван челик, со придушувачи на осцилациите, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
- Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
- Пумпи: 2 до 6 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix V 4 до Helix V 52; сите делови што се во допир со медиумот се од не‘рѓосувачки челик; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за сите делови коишто се во допир со медиумот
- Арматури: секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со топчеста затворачка арматура или вентил со контролна ознака DVGW, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, заради проверка и ревизија, опремена со затворачка топчеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
- Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort Controller CC
- Приказ на притисокот: манометар ( ∅ 63 mm ) од крајната притисочна страна; дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок во алфанумеричкиот допирен дисплеј на Comfort-Controller
- Контролен уред/регулатор: постројката е опремена со Comfort-регулатор СС во стандардна изведба; COR дополнително со фреквентен конвертор
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
- Амбалажа
- Упатство за вградување и работа
- Транспортни јамки за самостојна монтажа
Опции
Други приклучоци за мрежата на барање