Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-EMU FA (конфигурирано) | Wilo
Вашите предности
Wilo-EMU FA (customized)

Особености/предности на производот

  • Точно приспособливо на вашите барања. За доверлив и ефикасен транспорт на претходно прочистена отпадна вода и сирова отпадна вода.
  • Многустрано применливо. Секогаш оптимален транспорт на различни медиуми преку различни форми на работни кола.
  • Енергетски ефикасно со избона IE3 моторна технологија
  • Заштита од абење и корозија преку Ceram облога и специјални материјали
  • Наменето за потопна и непотопна примена, како и за континуирана работа

Препорачани сервисни услуги

Опис на серијата
Wilo-EMU FA 08 - FA 15 (по мерка) [50 Hz, 180x100 mm]

Изведба

Потопна пумпа за отпадна вода без и со активен систем за разладување за континуирана работа во стационарно и преносливо водено поставување, како и за стационарно суво поставување.

Примена

Транспорт на

  • отпадна вода со фекалии и долговлакнести состојки
  • Отпадна вода со фекалии
  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Процесна вода
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Тешка робустна изведба од сиво леано железо
  • Мотор со пасивно ладење или самоладечки мотори со системи со 1 или 2 комори
  • Опционално со заштита од експлозија според ATEX или FM
  • Уреди за надгледување во зависност од моторот:
    • Температура на намотки
    • Надгледување на влажност во заптивната комора и моторот/комората на приклучоци
    • Температура на лежиште на моторот
  • Вградена опрема по желба на клиентот

Означување на типот

Пример:

Wilo-EMU FA 20.54E + FK 17.1-6/16KEx

Хидраулика:

FA 20.54E

FA

Потопна пумпа за отпадна вода

20

x10 = номинален дијаметар на притисочна врска, на пр. DN 200

54

Коефициент на моќноста

E

Тип на работно коло:

W = работно коло со слободно струење

E = едноканално работно коло

Z = двоканално коло

D = триканално коло

V = четириканално коло

Мотор:

FK 17.1-6/16KEx

FK

Тип на мотор:

T = мотор со пасивно ладење без систем за ладење

FK, FKT, HC = саморазладувачки мотор со активен систем за ладење

17.1

Монтажна големина

6

Бр. на полови

16

x10 = должина на пакет во mm

K

Изведба на заптивањето:

H = заптивен прстен на вратило/лизгачка механичка заптивка

G = две одделни лизгачки механички заптивки

K = касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки

Ex

Дозволено за експлозивни подрачја

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим непотопено: S1 или S2
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: H
  • Температура на медиум: 3…40 °C, повисоки температури на барање
  • Слободен топчест премин од 45...130 mm
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Материјали

  • Делови на куќиштето: EN-GJL и/или EN-GJS
  • Работно коло: EN-GJL и/или EN-GJS
  • Статички заптивки: NBR или FPM
  • Заптивање на страна на медиумот: Механичка заптивка од SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот:
    • Заптивен прстен на вратило од NBR
    • Лизгачка механичка заптивка од SiC/SiC или јаглен/керамика
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4021

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено и суво поставување.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтална прирабничка врска. Во зависност од хидрахуликата и од типот на работното коло максимално можната сува материја изнесува 8 %. Се користат следните облици на работни кола:

  • Работно коло со слободно струење (W)
  • Едноканално работно коло (E)
  • двоканално коло (Z)
  • триканално коло
  • четириканално коло

Хидрауликата на каналот е опремена со прстен на топчесто лежиште и со разделен прстен од зацврстен материјал. Тие долгорочно придонесуваат кон рамномерна ефикасност на агрегатот и ги минимизираат трошоците за одржување.

Мотор

Моторите со ладење на горната површина (Т-мотор) нмеаат сопствен систем на разладување и го предаваат вишокот топлина преку деловите од куќиштето директно во околниот медиум. Поради тоа овие мотори можат да се применуваат потопено при континуирана работа. Зависно од монтажната големина, тие можат да се активираат и непотопени при краткотрајна работа.

Моторите со самостојно ладење (FK-, FKT-, HC-мотор) имаат активен систем на разладување и ја предаваат вишокот топлина преку вграден топлински изменувач на транспортираниот медиум. Затоа овие мотори се погодни за континуирана работа во потопена состојба, а со тоа и како и кога се поставени на суво.

За заштита на моторот од продирање на медиумот кај сите мотори е безбедена е заптивна комора. На неа може да и’ се пристапи и од надвор, а по избор може да се надгледува и со стапчеста електрода за заптивна комора. Сите употребени медиуми за полнење се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина.

Приклучниот кабел има слободни краеви и должина од 10 m, односно должината на кабелот е според спецификациите на корисникот. Воведувањето на кабелот на T-, HC- и FKT-моторите е должински водоотпорно и залиено.

Заптивање

Во зависност од типот на моторот, заптивањето од страната на медиумите и на моторот е достапно во следните варијанти:

  • Варијанта H: од страна на медиумот со лизгачка механичка заптивка, а од страната на моторот со една радијална прстенеста заптивка
  • Варијанта G: две лизгачки механички заптивки со независно дејство
  • варијанта K: касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки со независно дејство

Високоефикасен мотор

Покрај стандардните мотори достапни се и високо ефикасни мотори од класа IE3 (со подршка на IEC 60034-30). Со оглед дека се базираат на истата основа како стандардните мотори, тие се исти во поглед на опрема и функција. Достапна е и истата хидраулика.

Дозволено за експлозивни подрачја

Моторите се со одобрение за експлозивни подрачја според ATEX или FM.

Опсег на испорака

  • Потопна пумпа за отпадна вода подготвена за приклучување
  • приклучен кабел со слободен крај
  • Вградена опрема
  • Прирачник за работа и одржување

Опции

  • Специјални напони
  • Надгледување на намотките со PTC-температурен сензор
  • Уреди за надгледување за
    • Заптивна комора
    • Просторија на моторот/комора на приклучоци
    • Температура на чување
  • Ceram внесување слоеви за абразивни и корозивни медиуми
  • Одобрение за експлозивни средини според ATEX или FM

Опрема

  • Уред за прикачување или ногалка
  • Разни потисно страни и спојки Storz
  • Синџири
  • Комплети за прицврстување со сидро за поврзување
  • Приклучни табли, релеи и утикач

Пуштање во работа

Работа во водено поставување со непотопен мотор

Кај самоладечките мотори (FK-, FKT-, HC-мотор) секогаш е возможно вадење на моторот во континуирана работа.

Кај моторите со ладење на горната површина (T-мотор) работата со непотопен мотор е дозволена само кога е наведен непотопен работен режим! Максималното време на работа со непотопен мотор зависи од температура на медиумот и околината. Точните податоци за работниот режим мора да се содржи на натписната плочка.

Заштита од работа на суво

За да се спречи вшмукувањето воздух, куќиштето на хидрауликата мора секогаш да биде потопено. Кога нивото на водата варира, мода да има обезбедено автоматско исклучување штом се постигне минималната покриеност со вода.

Хоризонтално поставување

Хоризонтално поставување е можно само по консултација со службата за односи со корисниците на Wilo!

Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-EMU FA

Број на производ 6074814
Издание 2018-01
Број на страници 196
Јазик de, en, es, fr, it, ru
PDF (4 MB)

Wilo Motor FK 17.1, FK 202, FK 34, FK 42 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6074704
Издание 2019-01
Број на страници 56
Јазик mk
PDF (3 MB)

Wilo Motor FK 17.1, FK 202, FK 34, FK 42 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6074704
Издание 2019-01
Број на страници 52
Јазик en
PDF (3 MB)

Wilo Motor FKT 50.1, 57, 63.1, 63.2 + EMU FA

Број на производ 6074701
Издание 2019-01
Број на страници 60
Јазик mk
PDF (5 MB)

Wilo Motor FKT 50.1, 57, 63.1, 63.2 + EMU FA

Број на производ 6074701
Издание 2019-01
Број на страници 56
Јазик en
PDF (5 MB)

Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6073324
Издание 2019-01
Број на страници 56
Јазик mk
PDF (3 MB)

Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6073324
Издание 2019-01
Број на страници 52
Јазик en
PDF (3 MB)

Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6067561
Издание 2019-01
Број на страници 68
Јазик mk
PDF (5 MB)

Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6067561
Издание 2019-01
Број на страници 64
Јазик en
PDF (5 MB)

Wilo Motor T 17.3, 20.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086016
Издание 2019-10
Број на страници 104
Јазик en, zh
PDF (4 MB)

Wilo Motor T 17.3, 20.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086012
Издание 2019-10
Број на страници 60
Јазик mk
PDF (3 MB)

Wilo Motor T 17.3, 20.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086012
Издание 2019-10
Број на страници 56
Јазик en
PDF (3 MB)

Wilo Motor FKT 20.2, 27.1, 27.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6088784
Издание 2019-10
Број на страници 108
Јазик en, zh
PDF (4 MB)

Wilo Motor FKT 20.2, 27.1, 27.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086014
Издание 2019-10
Број на страници 64
Јазик mk
PDF (4 MB)

Wilo Motor FKT 20.2, 27.1, 27.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086014
Издание 2019-10
Број на страници 60
Јазик en
PDF (3 MB)

Wilo DDI-I

Број на производ 6086017
Издание 2023-06
Број на страници 112
Јазик mk
PDF (8 MB)

Wilo DDI-I

Број на производ 6086017
Издание 2023-06
Број на страници 108
Јазик en
PDF (8 MB)

Памфлет за сертифицирање

Wilo-EMU FA

Број на производ 6074690
Издание 1606
Број на страници 32
Јазик Јазично неутрално
PDF (679 KB)

Wilo FKT motor + EMU FA#Wilo FKT motor + Rexa SUPRA#Wilo FKT motor + Rexa SOLID

Број на производ 6074691
Издание 2021-07
Број на страници 96
Јазик Јазично неутрално
PDF (9 MB)

Wilo FK motor + EMU FA#Wilo FK motor + Rexa SUPRA

Број на производ 6074692
Издание 2021-07
Број на страници 60
Јазик Јазично неутрално
PDF (7 MB)

Wilo T motor + EMU FA#Wilo T motor + Rexa SUPRA#Wilo T motor + Rexa SOLID

Број на производ 6072704
Издание 2021-07
Број на страници 116
Јазик Јазично неутрално
PDF (10 MB)