Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-FLA Compact-2 Helix V | Wilo
Вашите предности
Wilo-FLA 2 Helix V 3604

Особености/предности на производот

  • Компактна постројка со 2 повеќестепени високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix FIRST V, во согласност со DIN 1988 и DIN 14462 (редунданса кај системи со 2-пумпи)
  • Комплетен систем, со кружен резервоар (со TZW одобрение), директно приклучен на вшмукателниот приклучок на пумпата
  • Хидраулична моќ во рамките на серијата до 18 м3/ч и 100 m напор
  • Едноставно регулирање и сигурна работа, благодарение на FLA- уред за ракување (проверено од TÜV)
  • Однапред дефинирано бајпас-струење, за заштита на пумпите при низок проток
Опис на серијата
FLA

Изведба

Систем за зголемување на притисокот за снабдувањето со вода за гаснење на пожари според DIN 14462 за непосредно поврзување.

Со 2 вертикални, повеќестепени високопритисни центрифугални пумпи од племенит челик во изведба со сув ротор и акумулационен резервоар.

Примена

Автоматско водоснабдување за противпожарни системи со ѕиден хидрант од типот „F“ во станбени, деловни и јавни објекти, хотели, болници, трговски центри, како и во индустриски системи

Опрема/функција

  • 2 пумпи од серија Helix FIRST V 16, 22, опремена со IE3-мотори
  • Автоматско управување со пумпи преку уредот за ракување FLA
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со висинско поместување на придушувачите на осцилации, за изолација од вибрациона бучава
  • Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вентил со затворачка топка од притисочната страна за секоја пумпа
  • Засун помеѓу секоја пумпа и акумулациониот резервоар
  • Неповратен вентил, од крајната притисочната страна за секоја пумпа
  • Претходно поставен вентил кај излез на пумпа за секоја пумпа за минимален бајпас-проток
  • Притисочен прекинувач, од притисочната страна на секоја пумпа
  • Манометар, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад од 8L, PN 16, поставен на притисочната страна
  • Атмосферски проветрен акумулационен резервоар во согласност со DIN 14462 со слободно истекување во согласност со EN 13077, тип AB во согласност со DIN EN 1717
  • Квадратен PEHD резервоар со индикатор за нивото на водата
  • Одводнување
  • Пливачки прекинувач како сигнализатор за недостиг на вода
  • доведување воздух и обезвоздушување со примена на филтер
  • Ревизиски отвор со капак на кој без алат може да се стави заптивки
  • Прегради внатре за да се намали проточната брзина на медиумот
  • 2 x прилив, 2 x приклучок за преземање
  • Прелевање како слободен испуст, тип AB според DIN EN 1717 со некружен пресек

Означување на типот

Пример:

Wilo-FLA Compact–2 Helix V 1604 DS8

FLA

Постројка за гасење пожар

Compact

со акумулационен раезервоар

2

Број на пумпи

Helix V

Серија на пумпи

16

Номинален проток [m3/h]

04

Број на степени на пумпата

DS8

Регулирање на притисок до 8 бари (зависно од типот на пумпата)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C
  • Номинален притисок 16 бари
  • Работен притисок до 16 бари
  • Приливен притисок од акумулационен резервоар < 1 бар
  • Номинален приклучен дијаметар од притисочната страна R 21/2" - R 3"
  • Номинален приклучен дијаметар на пливачки вентил во акумулациониот резервоар 2 x G2”
  • Степен на заштита, уред за ракување IP 54
  • Аголен акумулационен резервоар (540 l)

Материјали

  • Ротор, погонски кола, степенесто куќиште од нерѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Аголен резервоар од црн PE-HD
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Конструкција

  • Основна рамка: Произведена од галвански поцинкуван челик и опремена со придушувачи на осцилации со висинско поместување, за опсежна изолација од вибрационата бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301, наменет за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на FLA- системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: Пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22; сите делови на оваа пумпа кои се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик/EN-GJL-250 KTL-облога. Дополнителни информации за пумпата се наведени во делот од каталогот „Високопритисна центрифугална пумпа“
  • Арматури: На горниот крај од хидрауличниот дел на пумпата се наоѓа специјален месингуван вентил за враќање на бајпас проток кон акумулациониот резервоар. Овој вентил и затворачките вентили се запечатени и осигурани од неовластено нагодување
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна. Заради ревизија и проверка, опремен со специјална проточна арматура, која го овозможува затворањето и празнењето на мембранскиот притисочен сад
  • Притисочен прекинувач: Еден притисочен прекинувач по пумпа, поставен од крајната притисочна страна, за активирање на централниот FLA-контролор
  • Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) од крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на работниот притисок и на параметрите за нагодување во регулаторот на постројката за гасење пожар
  • Управувачки уред/регулатор: Постројката е опремена со специфичен регулатор на постројката за гасење пожар во стандардна изведба
  • Акумулационен резервоар: Постројката се испорачува со акумулационен резервоар (540 л.). Тој располага со 2 пливачки вентили и со специфичен уред за распрскување вода, со одобрение од технолошкиот центар за вода (TZW), за да се осигури придржувањето до законот за водата за пиење

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Акумулационен резервоар подготвен за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Водич за проектирање

Осигурување од недостаток на вода

Според DIN 14462, реле за заштита при сува работа, на пр. за приклучокот на пливачкиот прекинувач при недостаток на вода на WILO резервоарот FLA, електроди и тн.; состојба на недостаток на вода само за сигнализирање на штети. Заштитата од недостаток на вода е активна при пробна работа. Контактите на потребниот пливачки прекинувач мора да бидат поврзани со приклучни клеми во контролорот.

Атмосферски проветрен акумулационен раезервоар во согласност со DIN 14462 за непосредно поврзување со уред за гасење пожар на јавно снабдување со вода за пиење според DIN 1988-600, системско одвојување преку безбедносна шема според EN 13077 (слободен излез), тип AB според DIN EN 1717.

При примената придржувајте се на DIN 1988 - 600 како и на прописите на локалниот водоснабдувач.

Важно:

Приклучните видови обезбедени од корисникот треба да се приклучат така што истите ќе бидат безнапонски и не оптоварени со тежина.

Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Helix V, .. FIRST V, ..2.0-VE 2-4-6-10-16

Број на производ 4143727
Издание 2023-03
Број на страници 24
Јазик en
PDF (5 MB)

Wilo-Helix V, FIRST V, 2.0-VE 22-36-52

Број на производ 4120943
Издание 02/2022
Број на страници 28
Јазик en
PDF (7 MB)

Wilo-FLA Compact

Број на производ 2537431
Издание 2019-07
Број на страници 96
Јазик de, en, fr, nl
PDF (4 MB)

Општ преглед

Општ преглед на меѓународна изведба од 2022

Издание 2024
Број на страници 74
Јазик en
PDF (33 MB)