Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-FireSet UL FM | Wilo

Wilo-FireSet UL FM

За флексибилно планирање на постројки за гасење пожар.

Вашите предности
Wilo-FireSet UL FM D

За флексибилно планирање на постројки за гасење пожар.

Постројката за гасење пожар Wilo-FireSet UL FM усогласена со NFPA ви нуди максимална флексибилност за вашите планови со помош на сертифицирани модуларни составни елементи. Цврстите и сигурни пумпи со аксијално поделено куќиште може да се употребуваат за разни подрачје на примена. Компактната конструкција на универзалната основна плоча го олеснува транспортот, инсталацијата и одржувањето. Постројката опремена со единица за управување овозможува конфигурација скроена за вашите потреби благодарение на нејзината модуларност.



Особености/предности на производот

• Сертифициран модуларен монтажен комплет на пумпа согласно стандардите NFPA за голема флексибилност при планирање

• Цврста пумпа со аксијално поделено куќиште до 3 000 gpm и 260 psi за поголемо подрачје на примена и долг работен век

• Компактната конструкција на универзалната основна плоча за поедноставен транспорт, инсталација и одржување

• Резервна моќност за висока безбедност

• Модуларноста дозволува конфигурација скроена според сопствените потреби

Опис на серијата
Wilo-FireSet UL FM

Изведба

Пумпа за зголемување на притисокот за гаснење пожар согласно стандардите NFPA и со UL и FM сертификати.

Во зависност од моделот се состои од 1 пумпа со хоризонтална основна плоча – пумпи со поделено куќиште – со спојка за проширување, електро или дизел мотор и приклучна табла.

Примена

Целосно автоматско водоснабдување за постројки за гасење пожар со распрскувачи во станбени, комерцијални и административни објекти, хотели, болници, трговски центри, како и во деловни и индустриски згради.

Опрема/функција

  • Пумпа со хоризонтална основна плоча – пумпа со поделено куќиште – со електро или дизел мотор.
  • Флексибилно поврзување со клинови за електромотор или кардан поврзување за дизел мотор.
  • Приклучна табла, фиксирана на цврста држечка конструкција. Модел E за електромотор и D за дизел мотор, обата со WiZiTouch-контролор од Tornatech.
  • Сензор за притисок на приклучна табла за автоматско вклучување.
  • Полна основна рамка од специјални профилни делови со кука
  • Во стандардна изведба со директно вградено обезвоздушување и манометар на куќиштето на главниот мотор
  • Само за модел со дизел мотор:
    • Ладење на мотор со вода/топлински изменувач за вода.
    • Сензор за ниво на резервоарот за гориво и голем волумен за 8-часовна автономна работа.
    • 2 или 4 батерии на основната плоча и полнач за батерии на приклучната табла.
  • Опрема на барање:
    • Џокеј пумпа
    • Контролор на џокеј пумпа
    • Мерач на проток
    • Монтажен комплет за ексцентричен конус на вшмукателната страна
    • Монтажен комплет за концентричен конус на крајната притисочна страна
    • Ублажување на вибрациите за цевководи
    • Мерач на густина за батеријата
    • Монтажен комплет на резервни делови за дизел мотор
    • Придушувач (30 dBA) за дизел мотор
    • Вентил за ограничување на притисокот
    • Вентил за циркулација и испуштање

Означување на типот

Пример

Wilo-FireSet-UL FM-125/360-300/137 D

FireSet

Компактна постројка на пумпа за зголемување на притисокот за гаснење пожар

UL FM

Согласно стандардите NFPA и со составни елементи со UL и FM сертификати

125/360

Тип на главна пумпа

300

Номинален пречник на работно коло на главна пумпа

137

Моќност на дизел мотор [kW]

D

Димензионирање

E

Електрична пумпа

D

Дизел пумпа

Технички податоци

Дозволен медиум:

  • Не агресивна, чиста вода

Подрачја на примена:

  • Напонски извор 3~400 V, 50 Hz (1~230 V, 50 Hz за приклучна табла на дизел пумпата)
  • Температура на медиум макс. +30 °C
  • Температура на околината макс. +5 °C до +25 °C (+10 °C до +25 °C, кога е инсталирана дизел пумпа)
  • Максимален работен притисок: 200 – 355 psi/16 – 25 bar, зависно од изведбата
  • Максимална висина за инсталација: Дизел: 91 m – електрична: 300 m
  • Проток на 500 до 3.000 gpm (113 до 681 m3/H)
  • Макс. напор 260 psi (179 m)

Пумпи со бронзени работни кола:

  • Главна/резервна пумпа со хоризонтално поделено куќиште, усогласено со NFPA20 и со UL-/FM-сертификат

Електромотор:

  • IEC34 UL-норм-мотор
  • Максимална моќност: 315 kW
  • 2.980 или 1.480 min-1
  • Вид на заштита: IP55

Дизел мотор:

  • Директно вбризгување или турбодизел мотор со водено ладење
  • Максимална моќност: 336 kW
  • Подмачкување со пумпа со запчест преносник и филтер за масло
  • Отпорност на загревање
  • Ладење со вода/топлински изменувач за вода согласно NFPA20

Друго:

  • Приклучни номинални дијаметри на притисочната страна DN 100 до DN 250
  • Приклучни номинални дијаметри на вшмукателната страна DN 80 до DN 200
  • Вид на заштита за приклучна табла: IP54

Материјали

За пумпата со хоризонтално поделено куќиште:

  • Работно коло од бронза (G-CuSn10)
  • Куќиште на пумпата од сиво леано железо (GG 30)
  • Вратило од нерѓосувачки челик AISI 410
  • Муф на вратило од нерѓосувачки челик AISI 410
  • Навојни прстени од бронза

За џокеј пумпата:

  • Работно коло од нерѓосувачки челик AISI 304/1.4301
  • Куќиште на пумпа од не’рѓосувачки челик AISI 304/1.4301
  • Вратило од нерѓосувачки челик AISI 304/1.4301
  • Заптивки на O-прстен од EPDM

Конструкција

  • Основна рамка: Произведено од галвански поцинкувани профили од челик со држачи за приклучна табла. Во долниот дел се интегрирани куки за појаси за подигнување. Специјална основна плоча за пумпа со дизел мотор, димензионирана за големи бетонски количини, при што преносот на вибрации се намалува значително и се зголемува работниот век на производот.
  • Пумпи: Пумпа со хоризонтална основна плоча со електро или дизел мотор. Пумпа со поделено куќиште за едноставен пристап до внатрешните составни елементи на пумпата, без демонтажа на моторот или цевководите
  • Резервоар: Резервоар за гориво од челик лакиран со епоксид со поцврста држечка конструкција. Целосно опремено со индикатор за гориво, затки за истекување и обезвоздушувач.
  • Сензори и екран: Сензорот за притисок се наоѓа на приклучната табла и служи за активирање на пумпата преку контролор. Манометарот од вшмукателната и од притисочната страна (ø 63 mm) се наоѓа на поделеното куќиште на пумпата.
  • Контролен уред/регулатор: Монтажниот комплет за пумпа е во стандардна изведба опремен со приклучна табла од Tornatech и WiZiTouch контролор за електро и дизел мотори.

Опсег на испорака

• Фабрички нагоден систем на пумпа за гасење пожар (се состои од пумпа, погон, спојка, основна рамка, приклучна табла) подготвен за приклучување со пумпа за зголемување на притисокот со проверена функција и заптивање

• Автоматски вентил за обезвоздушување

• Манометар од вшмукателната и од притисочната страна

• Упатство за вградување и работа за системи на пумпи за гаснење пожар

• Упатство за вградување и работа за пумпи

• Упатство за вградување и работа за приклучна табла (по еден прирачник за секоја приклучна табла)

• Опрема по избор

Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-FireSet UL FM

Број на производ 4236078
Издание 2019-08
Број на страници 913
Јазик ar, bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, uk
PDF (85 MB)
Избор на производ
Опис на производБрој на производ
FireSet-XXX-XXX-XXX/XXX D
on request
FireSet-XXX-XXX-XXX/XXX E
on request