Wilo-Helix VE
Вертикална повеќестепена центрифугална пумпа за заштеда на енергија за големи згради.
Вертикална повеќестепена центрифугална пумпа за заштеда на енергија за големи згради.
Wilo-Helix VE (11 – 22 kW) е повеќестепена вертикална центрифугална пумпа со варијабилен број на вртежи за употреба со ладна вода во големи згради. Пумпата се состои од погон со IE5-EC-мотор, интегриран фреквентен конвертор со воздушно ладење и разни режими на управување. Резултатот е висока енергетска ефикасност во отворени и затворени постројки.
Докажаната хидраулика на пумпата изработена од не’рѓосувачки челик, одделна латерна со валчесто лежиште што овозможува оптимално примање на аксијалните сили, интегрираните заштитни функции и препознавањето на недостаток на вода нудат висока сигурност.
Едноставно вградување во зградна автоматика е можно благодарение на аналоген и дигитален интерфејс и IF-модули.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Повеќестепена високоефикасна пумпа од не’рѓосувачки челик со прилагодлив број на вртежи, 2D/3D-хидраулика и норм-мотор
- Оптимизирана изведба за лесно ракување, транспорт и инсталација со рачки, израмнување со латерна цевка и вртлива прирабница
- Екран лесен за употреба со технологија на зелено копче и мени со целосен текст
- IF-модул за приклучување за брза комуникација со BMS
- Брзо одржување благодарение на иновативната патронска прстенеста заптивка и разделник
- Помали трошоци за животен циклус благодарение на новата изведба на Helix
Изведба
Нормално вшмукувачки, високопродуктивни повеќестепени високопритисни центрифугални пумпи со електронска регулација, во вертикална изведба, со Inline-приклучоци
Примена
- Водоснабдување и зголемување на притисокот
- Индустриски циркулациони постројки
- Процесна вода
- Затворени ладни кружни текови
- Постројки за гасење пожар
- Постројки за перење
- Наводнување
Опрема/функција
- Ротори, статори и степенесто куќиште од материјал отпорен на корозија
Означување на типот
Пример: | Helix VE 202/2-1/16/E/KS/1-230 |
Helix VE | Вертикална повеќестепена високопритисна центрифугална пумпа во линиска изведба (електронски регулирана) |
2 | Проток во m3/h |
02 | Број на работни кола |
2 | Број на исклучени работни кола (по избор) |
1 | Материјал на пумпата |
1 = куќиште на пумпа 1.4301 (AISI 304) хидраулика 1.4307 (AISI 304L) | |
2 = куќиште на пумпа 1.4409 (AISI 316L) хидраулика 1.4404 (AISI 316L) | |
3 = куќиште на пумпата EN-GJL-250 (KTL-облога) хидраулика 1.4307 (AISI 304L) | |
4 = моноблок куќиште на пумпа EN-GJL-250 (KTL-облога) хидраулика 1.4307 (AISI 304L); [само Helix VE 22.. и поголемо] | |
16 | Максимален работен притисок во бари |
16 = 16 бара (прирабница PN 16) | |
25 = 25 бара (прирабница PN 25) | |
E | Вид на заптивање E = EPDM V = FKM |
K | Патронска прстенеста заптивка |
S | Заштитата на спојката лежи во линија со вшмукателниот и потисниот приклучок на пумпата |
1-230 | Само кај 1~ (наизменична струја) |
Технички податоци
- Електрично поврзување:
- 3~ 50 Hz : 400 V +/-10 %
- 3~ 60 Hz : 380 V +/-10 %
- 3~ 60 Hz : 480V +/-10%
- 1~ 50 Hz : 230 V +/-10 %
- 1~ 60 Hz : 220 V +/-6 %
- Температурно подрачје:
- Helix VE 2 – 16 (EPDM): -30 до 120 °C (130 °C на барање)
- Helix VE 2 – 16 за агресивни медиуми (FKM): -15 до 90 °C
- Helix VE22 – 52 (EPDM): -20 до 120 °C (130 °C на барање)
- Helix VE22 – 52 за агресивни медиуми (FKM): -15 до 90 °C (-30 до 120 °C со EPDM-заптивање на барање)
- Макс. работен притисок: 16/25 bar
- Вид на заштита: IP55
- Макс. температура на околина:
- 50 °C за 3~
- 40 °C за 1~
- Проширени температурни подрачја на барање
- Достапни изведби:
- Helix VE 2 – 16: PN 16 со овални прирабници, PN 25 со кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005 (Victaulic спојка на барање)
- Helix VE 22 – 52: PN 16 и PN 25 со кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005
Материјали
Helix VE 2, 4, 6, 10, 16:
Стандардна изведба
- Работни кола, степенесто куќиште и водечки кола од нерѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L)
- Куќишта за пумпи од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
- Основна плоча и латерна од EN-GJL-250 (KTL-облога)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (316L)
- O-прстен од EPDM (FKM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
За агресивни медиуми
- Ротори, степенесто куќиште и статори од нерѓосувачки челик 1.4404 (316L)
- Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик 1.4404 (316L)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404 (316L) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (316L)
- O-прстен од FKM (EPDM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4404 (316L)
Helix VE 22, 36, 52:
Стандардна изведба
- Степенесто куќиште, работни кола, погонски кола од нерѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L)
- Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304) или сиво леано железо EN-GJL 250 со KTL-облога, лабава прирабница од EN-GJS 400 за Helix VЕ 36-52.
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057 (AISI 431)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (316L)
- O-прстен од EPDM (FKM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
За агресивни медиуми
- Степенесто куќиште и работни кола од нерѓосувачки челик 1.4404 (316L)
- Куќиште на пумпа: сите составни елементи што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки леан челик 1.4409 (316L); лабава прирабница од сиво леано железо EN-GJL 250 со KTL-облога за Helix VE 22/EN-GJS 400 за Helix VE 36-52.
- Основна плоча од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404 (316L) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (316L)
- O-прстен од FKM (EPDM-заптивка на барање)
- Притисочна обвивка од нерѓосувачки челик 1.4404 (316L)
Опсег на испорака
- Високопритисни центрифугални пумпа Helix VE
- Упатство за вградување и работа
- Helix VE 2 – 16 (PN 16 изведба со овална прирабница): Контраприрабница од нерѓосувачки челик, со соодветни завртки, навртки и заптивки