Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-RainSystem AF 150 | Wilo

Wilo-RainSystem AF 150

Практично користење на дождовница во станбени згради и мали комерцијални претпријатија.

Вашите предности
НОВО

Практично користење на дождовница во станбени згради и мали комерцијални претпријатија.

Со таргетираното користење на дождовницата, Wilo-RainSystem AF 150 претставува особено одржлив систем за заштеда на водата за пиење. Фабрички претходно монтираната постројка се инсталира брзо, а со помош на приклучната табла RainControl Professional брзо се пушта во работа. Системот е дизајниран за континуирана работа со сад за повторно напојување со волумен од 150 литри, а во случај на недостаток од дождовница во цистерната, автоматски се префрлува на соодветно повторно напојување со вода за пиење. Интегрираните самовшмукувачки центрифугални пумпи Wilo-Medana CH1-LSP со IE3-технологија на мотор, во комбинација со изведбата оптимизирана за струење гарантираат ниско ниво на потрошувачка на енергија на садот за повторно напојување. Напонскиот извор во подрачјето на намалена волтажа, рутините за самостојна заштита, како, на пример, заштитата од работа на суво, како и примена на компоненти отпорни на корозија, обезбедуваат голема работна сигурност и долготрајност. Бесшумната работа овозможува примена и во непосредната животна средина.

Препорачани сервисни услуги


Особености/предности на производот

  • Едноставна инсталација благодарение на компактната, фабрички претходно монтирана конструкција
  • Едноставно и интуитивно за користење преку приклучната табла RainControl Professional
  • Сигурна континуирана работа исто така и при недостаток на дождовница, благодарение на автоматското повторно напојување на вода за пиење
  • Работа со заштеда на енергија благодарение на изведбата што е оптимизирана за проток и примената на IE3 мотори
  • Голема работна сигурност благодарение на рутините за самостојна заштита, управувањето во подрачјето на намалена волтажа и примената на компоненти што се отпорни на корозија
  • Напомени за одржување со приказ на дефект со LCD-известување
  • Тивка работа за голема удобност во примената
Опис на серијата
RainSystem AF 150 -2 MC 304 - 605

Изведба

Автоматска постројка за користење на дождовница со сад за повторно напојување со свежа вода (150 литри) и 2 самовшмукувачки пумпи од серијата Medana CH1-LSP

Примена

  • Користење на дождовница во повеќесемејни домови и мали комерцијални објекти за заштеда на вода за пиење во врска со цистерни или резервоари

Опрема/функција

  • 2 самовшмукувачки центрифугални пумпи со низок шум и без корозија од серијата Medana CH1-LSP
  • Сад за повторно напојување со свежа вода (150 литри) со механички пливачки вентил
  • Проточен мембрански притисочен сад според DIN 4807 за заштеда на енергија при минимални протекувања на страна на објектот
  • Единица за регулација RainControl Professional со управувачка електроника вклучувајќи магнетни вентили, притисочен предавател 4 - 20 mA и сензор за ниво со 20 m кабел за надгледување на нивото
    • Ракување преку мени (копчиња за функции)
    • Приказ преку LC-дисплеј (Сигнализација за грешка и работење)
    • рамномерно управување со постројката преку циклична замена на пумпите и интегрирано пробно работење кога пумпите се во мирување
    • автоматско префрлување при грешка и приклучување при врвно оптоварување
    • Автоматска промена на водата во резервоар за дополнително полнење
    • целосно автоматско дополнително напојување со вода за пиење прилагодено според потребите
    • вградена електронска заштита на мотор,
    • интегрирана заштита од работа на суво на пумпната единица
    • Автоматска заштита од бигор за магнетниот вентил
    • Перманентен приказ за нивото во цистерните, притисокот на постројката, приказот на работната состојба преку LCD

Означување на типот

Пример:

Wilo-RainSystem AF 150-2Medana LSP204/RCP

RainSystem

Постројка за искористување на дождовница во комерцијално подрачје

AF

Серија (Aqua Feed)

150

Номинална содржина (l) сад за повторно напојување

2

Број на пумпи

Medana LSP

Серија на пумпи

2

Номинален проток (m3/h)

04

Број на нивоа на единечна пумпа

RCP

Контролен уред RainControl Professional

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V (±10 %), 50 Hz
  • Макс. висина на вшмукување: 8 m
  • Макс. работен притисок: 8 бари
  • Вид на заштита: IP54
  • Приклучоци:
    • Притисочна страна на собирен цевковод од R 1 ½
    • Доток од R 1 ¼, од вшмукателната страна на дотокот од R 1 ¼
    • Приклучок за прелевање DN 100

Материјали

  • Куќиште на пумпа: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Работно коло: Noryl
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик 1.4031
  • Механичка заптивка: Керамика/јаглен
  • Степенести комори: Noryl
  • Еластичен мембрански сад: Челик, лакиран

Конструкција

Постројка за користење на дождовница, подготвена за приклучување со компактна изведба, целосно електрично и хидраулично поврзана и монтирана на лакирани тубуларни челични рамки со ублажени вибрации.

Цевковод: Собирен цевковод R 1 1/2 од притисочната страна, вклучувајќи сензорска единица со 8-l-еластичен мембрански сад, во проточен принцип и затворачки уред со празнење, манометар 0 - 10 бара и затворачка куглеста славина од вшмукателната и од притисочната страна. Висока работна сигурност благодарение на двете одделни вшмукателни линии (обезбедено од страна на корисникот).

Сад за повторно напојување со голем волумен, нуди соодветна дополнително напојување со вода за пиење во корисничката мрежа кога цистерната не е полна.

Во стандардна изведба достапен е приклучок за предупредување за застој.

Пумпи: 2 самовшмукувачки центрифугални пумпи со низок шум и без корозија од серијата Medana CH1-LSP.

Целосно електронскиот контролор RainControl Professional се ракува и параметрира со помош на функционални копчиња управувани преку менито. Индикатор на сеопфатни известувања. Достапни безнапонски контакти за сигнализација за збирна работа и сигнализација на збирна грешка.

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана, подготвена за приклучување постројка за користење на дождовница
  • Сензор за состојбата со 20 m кабел, мерно подрачје 0…5 m
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Сигнализација за единечна работа и за грешка
  • Сигнализатор за застој