Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Sub TWU 3 HS | Wilo
Вашите предности
Wilo-Sub TWU 3 HS

Особености/предности на производот

  • Константен, регулиран притисок, благодарение на екстерен конвертор на фреквенција (TWU 3 HS-ECP)
  • Лесна инсталација, а корисникот не треба обезбедува сензори за регулација на притисокот (TWU 3 HS-ECP)
  • Голема проточна стапка, благодарение на интегриран конвертор на фреквенција со фиксен број вртежи на моторот од 8.400 врт/мин (TWU 3 HS-I)
  • Намалени трошоци за ископ на бунар и инсталација, благодарение на помали пречници и помала градежна зафатнина
  • Голем број функции на надгледување и заштита, за апсолутна работната безбедност

Препорачани сервисни услуги

Опис на серијата
Sub TWU 3 HS

Изведба

Повеќестепена, фреквенциски регулирана 3" подводна пумпа со конструкција на обвивка, за вертикална или хоризонтална монтажа

Примена

  • За приватно водоснабдување од бушотини, бунари и цистерни
  • За приватно водоснабдување, наводнување со вештачки дожд и наводнување
  • За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со радијални работни кола
  • Интегрирана блокада на повратен тек
  • Заедно со фреквентен конвертор (HS-E…: надворешно, HS-I…: интегрирано)
  • Термичка заштита на мотор вградена во фреквентниот конвертор

Означување на типот

на пр.

Wilo-Sub TWU 3-0305-HS-E-CP

TWU

подводна пумпа

3

Пречник на хидрауликата во цоли ["]

03

Номинална проточна стапка [m3/h]

05

Број на степени на хидрауликата

HS

Изведба High Speed

E

Изведба фреквентен конверторE = надворешен фреквентен конверторI = внатрешен фреквентен конвертор

CP

Контролна функцијаCP = константна регулација на притисокотбез = фиксен број на вртежи со до 8400 1/min

Технички податоци

Подводна пумпа:

  • Напоен напон:HS-E…: 1~230 V, 50/60 Hz (приклучок преку фреквентен конвертор на наизменична струја)HS-I…: 1~230 V, 50/60 Hz (директен приклучок на наизменична струја)
  • Потопен работен режим: S1
  • Температура на медиум: 3-35 °C
  • Минимално струење кај моторот: 0,08 m/s
  • Макс. содржина на песок: 50 g/m3
  • Макс. број стартувања: 30 /ч
  • Макс. длабочина на потопување: 150 m
  • Вид на заштита: IP 58
  • Потисен приклучок: Rp 1/Rp 1¼

Фреквентен конвертор за изведбата „HS-E…“:

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50/60 Hz
  • Излез: 3~230 V/макс.140 Hz/макс.2,2 kW
  • Температура на медиум: 3-50 °C
  • Макс. притисок: 8 бари
  • Вид на заштита: IP X5
  • Приклучување: G 1¼

Материјали

  • Куќиште на хидраулика: не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Работни кола: поликарбонат
  • Вратило хидраулика: не’рѓосувачки челик 1.4104
  • Куќиште на мотор: не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило мотор: не’рѓосувачки челик 1.4305

Конструкција

Подводна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со радијални работни кола во членковидна конструкција. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.

Мотор

Асинхрон мотор отпорен на корозија за приклучување на испорачаниот фреквентен конвертор (HS-E…) или за директно приклучување на струја (HS-I…). Мотор наполнет со масло, со можност за повторно намотување, со самоподмачкувачки лежишта, конструирана за голем број на вртежи до 8400 1/мин.

Фреквентен конвертор

Надворешен или вграден фреквентен конвертор во моторот за работа на пумпата со број на вртежи до 8400 1/мин., заедно со следните функции:

  • меко стартување
  • заштита од поднапон-, наднапон и куса врска
  • заштита на моторот и на фреквентниот конвертор од термичко преоптоварување

Изведбата „HS-E…“ со надворешен фреквентен конвертор ги нуди следните дополнителни карактеристики на опремата:

  • Контролна функција „CP“: константен притисок
  • избегнување на високо циклуси на префрлување (тактирање) поради надгледување на заптивањето
  • заштита од сув од со автоматско ресетирање
  • промена на насоката на вртење
  • нагодување за макс. зададени вредности на струја и притисок
  • приказ на притисокот на дисплејот
  • нагодувања, статистички податоци за работата и сигнализација за грешки се прикажуваат со светлечки диоди или на екранот

Фреквентниот конвертор мора секогаш да се постави надвор од медиумот, заштитен од преплавување!

Контролна функција „CP“: константен притисок

Со работата со фреквентен конвертор, бројот на вртежи на агрегатот автоматски се прилагодува на моменталната потреба од вода. На тој начин, подводната пумпа постојано испорачува константен притисок.

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење.

При вертикална инсталација треба, во зависност од пречникот на бунарот, да се предвиди обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора секогаш да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.

Ладењето на надворешниот фреквентниот конвертор исто така се изведува преку транспортираниот медиум. За таа цел, фреквентниот конвертор мора да се вгради директно во цевкаата надвор од медиумот (заштитен од преплавување).

Опсег на испорака

  • Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
  • Фреквентен конвертор
  • приклучен кабел од 1,75 m со одобрение за вода за пиење (пресек: 4x1,5 mm2)
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Специјални должини на кабел на барање

Опрема

  • Цевки со разладна обвивка
  • Мембрански притисочен сад
  • Монтажни комплети за кабел, за вода за пиење и за процесна вода
  • Пливачки прекинувач
  • Приклучни уреди
  • Материјал за приклучување и инсталација
Документи

Памфлет за сертифицирање

Wilo-EMU D/DCH/K/KM/SCH (w/o motor)#Wilo-Sub TWI/TWU (w/o motor)#Wilo-Actun ZETOS-K8 (w/o motor)#Wilo-Actun ZETOS-K10 (w/o motor)

Број на производ 6080455
Издание 2021-06
Број на страници 72
PDF (7 MB)

Сертификат

Wilo-Sub TWU 3

Број на производ 6080452
Издание 1608
Број на страници 11
PDF (502 KB)