Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Xiro SPI | Wilo
Вашите предности
Xiro SPI

Особености/предности на производот

  • Долг век, благодарение на хидрауликата од не’рѓосувачки челик
  • Универзална примена, благодарение на голем спектар на моќност
  • Лесна инсталација благодарение на вграден неповратен вентил
  • Лесно одржување и поправање, благодарение на моторите со можност за повторно намотување
Опис на серијата
Xiro SPI, 50 Hz

Изведба

Повеќестепена, подводна пумпа од челичен лим, во изведба со влечна лента, за вертикална или хоризонтална монтажа

Примена

  • За Снабдување со потрошна вода од бушотини и цистерни
  • За наводнување со вештачки дожди наводнување
  • Спуштање на нивото на водата
  • За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки

Опрема/функција

  • Повеќестепена хидраулика со радијални или полуаксијални работни кола
  • Вграден неповратен вентил
  • Нема спојка кај 6“- и 8“-хидраулики
  • Трифазен мотор со можност за повторно намотување

Означување на типот

Пр.:

Xiro SPI 6.30-11-A1/XI6-9,3-B1

SPI

Подводна пумпа од лим од не`рѓосувачки челик

6

Пречник на хидрауликата во цоли ["]

30

Номинална проточна стапка при оптимална ефикасност во m3/h

11

Број на степени на хидрауликата

A1

Техничка шифра хидраулика

X

Модел на мотор: однапред наполнет со мешавина од вода-гликол, со можност за повторно намотување

I

Изведба на материјал на мотор:I = завршни делови од не’рѓосувачки челикC = завршни делови од сиво леано железо

6

Пречник на мотор во цоли ["]

9,3

Номинална моќност P2 на мотор во kW

B1

Техничка шифра мотор

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Температура на медиум: 3-30 °C
  • Минимално струење кај моторот: 0,2 или 0,5 m/s (во зависност од моќноста)
  • Макс. содржина на песок: 50 g/m3
  • Макс. број стартувања: 10-20/h (во зависност од моќноста)
  • Макс. длабочина на потопување: 200 m
  • Вид заштита: IP 68
  • Потисен приклучок: Rp 2½ до Rp 6

Материјали

  • Куќиште на хидраулика: Не’рѓосувачки челик AISI 304L (1.4307)
  • Работни кола: Не’рѓосувачки челик AISI 304L (1.4307)
  • Вратило хидраулика: Не’рѓосувачки челик AISI 420 (1.4021)
  • Куќиште на мотор: Не’рѓосувачки челик AISI 304 (1.4301)
  • Вратило мотор: Не’рѓосувачки челик AISI 304 (1.4301)

Конструкција

Подводна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со NEMA (6" и 8") или стандарден приклучок (10“) и со радијални или полуаксијални работни кола во членковидна изведба. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.

Мотор

Трифазен мотор со можност за повторно намотување со намотка со изолација од ПЕ2/ПА и полнење со вода-гликол, за директен старт. Хифрауличен приклучок како NEMA (6" и 8") или стандарден приклучок (10"). Заптивање на вратилото на моторот со лизгачка механичка заптивка од чист јаглен/керамика. Самоподмачкувачки лежишта на мотор. Аксијални лежишта за со сегменети за навалување, за преземање на високите аксијални оптоварувања. Негативниот аксијален потисок се презема преку лежиште за движење во спротивната насока.

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.

Опсег на испорака

  • Hydraulik und Motor fertig montiert
  • 4,3 m приклучен кабел
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Хидраулика од не`рѓосувачки челик 1.4401
  • Мотор од EN-GJL или не’рѓосувачки челик 1.4401
  • Нагледување на температурата на намотките со сензор Pt100
  • Вградување притисочна обвивка
  • Стартување ѕвезда-триаголник
Документи

Памфлет за сертифицирање

Wilo-Xiro SPI/SPC 6''-10'' without motor

Број на производ 6084897
Издание 2020-11
Број на страници 20
PDF (2 MB)
Избор на производ
Опис на производПресек на мотор ØБрој на степениНоминална моќност на мотор P2ПриклучокБрој на производ
Xiro SPI 6.60-18-A1/XI6-37-B1
6 in (")
18
37 kW
Rp 4
6073631