Wilo-Yonos MAXO
Компактна стандардна пумпа за комерцијални објекти.
Компактна стандардна пумпа за комерцијални објекти.
Високопродуктивната пумпа Wilo-Yonos MAXO е совршено наменета како стандардна пумпа за комерцијални објекти со HVAC-примена. Благодарение на основното нагодување и функциите со три начини на работа и зелено копче, пумпата се порамнува и ракува многу едноставно. Со модулот Wilo-Connect пумпата дозволува проширување на интелигентните функции.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Високопродуктивни пумпи за заштеда на енергија
- LED-дисплеј за целосно транспарентно следење на нагодениот напор, степенот на бројот на вртежи и можните грешки
- Едноставна замена на асинхрони стандардни пумпи благодарение на компактната конструкција и електрично поврзување со Wilo утикач
- Едноставен избор на контролните режими ∆p-v, ∆p-c и тристепено нагодување на бројот на вртежи со зелено копче
- Обезбедување на достапноста на постројката преку сигнализација на збирна грешка
- Изборно: Wilo-Connect модул Yonos MAXO со дополнителни интелигентни функции
Изведба
Циркулациона пумпа со воден ротор и навоен или прирабничка врска, EC-мотор со автоматско прилагодување на моќноста.
Примена
Топловодно греење на сите системи, клима уреди и затворени кружни системи за ладење, индустриски циркулациони системи.
Опрема/функција
Работни режими
- Δp-c за константен диференцијален притисок
- Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
- n = константно (3 степени на бројот на вртежи)
Рачни функции
- Поставување на работен режим
- Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
- Нагодување на степен на брзина
Автоматски функции
- Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
- Функција на деблокирање
- Меко стартување
- Интегрирана целосна заштита на моторот
Функции на сигнализација и прикажување
- Сигнализација на збирна грешка (безнапонски отворачки контакт)
- Светлосна сигнализација за грешка
- ЛЦД сегментиран приказ на напорот и на шифрата на грешката
- Приказ на поставениот број вртежи на моторот (C1, C2 или C3)
Опрема
- Место за ставање клуч на телото на пумпата (кај пумпи со навојни цевки)
- Брзо приклучување на струја со помош на Wilo приклучница. За приклучување на струја и на SSM вод, со вградено ослободување на напрегањето на кабелот
- Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
- Стандардна изведба за пумпите DN 40 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 (прирабница PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабници PN 6 и PN 16
- Стандардна изведба за пумпите DN 80 / DN 100: Прирабница PN 6 (дизајнирана за PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабница PN 6
Означување на типот
Пример: | Wilo-Yonos MAXO 30/0,5-12 |
Yonos MAXO | Високопродуктивна пумпа (навојна или прирабничка пумпа), електронски регулирана |
30/ | Приклучна номинална ширина |
0,5-12 | Номинално подрачје на напор [m] |
Технички податоци
- Дозволено температурно подрачје -20 °C до +110°C
- Приклучување на мрежа 1~230 V, 50/60 Hz
- Степен на заштита IP X4D
- Прирабнички приклучок DN 32 до DN 80
- Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара или 6 бара (специјална изведба: 10 бара)
Материјали
- Куќиште на пумпа: сиво леано железо со KTL облога
- Вратило: Не’рѓосувачки челик
- Лежиште: јаглен, импрегниран со метал
- Работно коло: пластика
Опсег на испорака
- Пумпа
- Со навојна врска се вклучени заптивки
- Подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални дијаметри DN 32 - DN 65)
- Упатство за вградување и работа
Опрема
- Навртување кај навојно приклучување
- Контраприрабници кај прирабничко поврзување
- Елементи за израмнување
- Термоизолација
Упатство за вградување и работа
Памфлет за сертифицирање
Stratos MAXO, Stratos MAXO-D, Stratos MAXO-Z, Stratos , Stratos-D, Stratos-Z, Stratos-ZD, Yonos MAXO,Yonos MAXO-D, Yonos MAXO-Z, Yonos ECO BMS, Yonos PARA HF, Stratos PARA, Stratos PARA-Z, TOP-Z, TOP-S Transportsysteme
Број на производ | 2209011 |
Издание | 2022-11 |
Број на страници | 72 |
Јазик | Јазично неутрално |