Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

Самит во облакодерот

Без оглед на климатската зона, Wilo ги има вистинските производи за зградна техника. Без разлика дали е хотел, деловна зграда или трговски центар, Wilo гарантира оптимално снабдување со вода и одводнување - да не зборуваме на совршената собна температура - во различни типови згради со употреба на различни иновативни пумпи и решенија за поврзувачки системи.

Wilo-Stratos GIGA

Пониска сложеност, повисоки перформанси.

Ако системот за греење во хотелот појави грешка или дефект, ниската температура значително го намалува нивото на удобност за гостите. Потребната клима треба веднаш да се врати - и тоа го зголемува притисокот врз инсталерот, кој треба да реагира брзо и флексибилно за да го задоволи крајниот корисник и директорот на објектот. Поради оваа причина, пумпите што се користат во системите за греење, ладење и климатизација треба да понудат максимална сигурност, како и сигурна работа за заштеда на енергија.

Со Wilo-Stratos GIGA, Wilo нуди универзална, паметна и флексибилна пумпа со воден ротор за широк спектар на применливи сценарија што е особено погодно за големи згради кои бараат транспортирање на големи количини на вода.

Благодарение на технологијата со зелено копче, инсталацијата и користењето се едноставни и лесни за корисниците. Изборните модули овозможуваат независна од локацијата контрола и параметрирање преку поврзување со автоматиката на зградата со помош на Smart IF модулот. Комуникацијата со помош на апликацијата Wilo-Assistant е исто така можна, овозможувајќи Wilo-Stratos GIGA да се прилагоди со далечински управувач и податоците да бидат прочитани и поставени на облак.

Згора на сето ова, Wilo нуди низа сервисни услуги од пуштање во работа до одржување, прилагодени на корисниците. Употребата на дополнителната електроника овозможува далечински пристап до пумпата. Со комплетниот безгрижен WiloCare пакет, пумпите можат да се следат и нивните подесувања да се оптимизираат од далечина. Ова обезбедува оптимална работна сигурност.

прочитај повеќе

Wilo-Atmos GIGA-N

Максимум апликации, најдолг век на траење.

Во хотелите, системите за климатизација работат со полна брзина. При нормалнота работа, напорната работа што ја извршуваат поминува незабележано. Сепак, грешка - или уште полошо, дефект - веднаш влијае на удобноста на гостите. Проблемите што ги доживеале гостите на крајот се пренесуваат на инсталатерите од кои се бара да го отстранат проблемот без одложување.

Затоа, потребни се екстремно сигурни решенија со кои ќе се избегнат вакви ситуации. Со новата Wilo-Atmos GIGA-N, Wilo нуди исклучително прилагодлива пумпа со сув ротор. Може да се користи во температурен опсег од -30 до +140 °C во скоро сите апликации и во мали и големи објекти и има долг работен век благодарение на нејзината катофорезна облога отпорна на корозија. Лежиштата се доживотно подмачкани и затоа се целосно без одржување. Во итни случаи може да се поправи исклучително брзо, благодарение на нејзините инсталациони димензии, стандардизиран според EN 733 и употребата на стандардни компоненти. "Spacer" спојката овозможува брза замена на механичка заптивка без расклопување на моторот или куќиштето на пумпата.

Wilo-Atmos GIGA-N може да се вмрежува со користење на фрекфентниот конвертер EFC и може да биде опремена со мониторирање на температурата и вибрациите за лежиштата на пумпата на лице место, овозможувајќи навремено детектирање на проблеми. За да ги искористи овие можности, Wilo нуди дополнителни сервисни услуги прилагодени на корисникот од пуштање во употреба до одржување. Комплетниот безгрижен WiloCare пакет обезбедува дополнителна работна сигурност преку опцијата за далечинско набљудување.

прочитај повеќе