Водоснабдување

Усогласете го водоснабдувањето на одговорен и ефикасен начин со помош на Wilo

Водата спаѓа во едни од најдрагоцените ресурси на земјата. Постојаниот раст на бројот на жители влијае на нејзината употреба: за пиење, перење и чистење, како и во земјоделството и индустријата. Глобалниот недостаток на вода е особено аларамантен проблем - и крие голем потенцијал за конфликти. Поради тоа експлоатацијата и подготовката на вода за употреба спаѓаат во најважните предизвици за иднината. Wilo развива пумпи и системи со чијашто помош може да се користат и оптимизираат нови извори и методи на експлоатација на водата. Нашите флексибилни решенија гарантираат доверливо снабдување и приспособување на потребите во различни згради како куќи со повеќе семејства, училишта или индустриски комплекси. Со помош на индивидуалните концепти и високоефикасните технологии, напредуваме кон градење на интелигентна мрежа и ширење на децентрализираните уреди за подготовка на вода.

Wilo World Segment for Clean Water Utility

Техника за обработка на вода од Wilo

Како професионален провајдер на системи, Wilo опфаќа широка понуда на пумпи, прибор за пумпи и сервисни решенија за целиот циклус на водата. Нашата компетентност во полето на примена се протега од експлоатација на (необработена) вода од бунари или отворени извори на вода, преку користење на дождовница, па сѐ до подготовка на вода и водоснабдување. Во нашето поле на примена спаѓаат и постројките за зголемување на притисокот. Нашиот асортиман го заокружуваат решенијата за пумпи за отсолување и наводнување со вештачки дожд во комерцијалното земјоделство.

Било да е во прашање комунално управување со вода, технологија за домаќинства и зградна техника, земјоделство, градежиштво и рударство - Wilo секогаш работи на тоа да пронајде уште поефикасни и поодржливи решенија за вашите проекти.

Нашата јасна цел е: да се обезбеди најдобрата технологија за водоснабдување.

Wilo-World process level - Water supply and pressure Boosting

Зголемување на притисокот


Rohwasserentnahme Trinkwassergewinnung aus Grundwasser

Експлоатација на необработена вода

Brandbekämpfung Automatische Sprinkleranlage

Снабдување со вада за геснење пожари


Подготовка на вода

Дистрибуција и засилување