Греење, климатизација, ладење

Wilo зградна техника во областа на греење, климатизација и ладење – Вашите предности на едно место

Моќност, лесно одржување, доверливост – тоа се карактеристиките коишто се подразбираат кај Wilo пумпите. Ако полагате многу на врвна моќност, нашите високопродуктивни пумпи се вистинските пумпи за вас. Снабдувањето на еден објект со вода и топлина во секое време претставува голем предизвик за пумпата во однос на енергетската ефикасност и заштитата на ресурсите. Wilo ги решава овие побарувања со индивидуални решенија и високо ефикасна техника. Нашите високо ефикасните грејни системи постигнуваат максимална ефикасност. На тој начин, закуподавачите и деловните корисници можат значително да ги намалат работните трошоци и трајно да ја зголемат вредноста на објектот.

Уште еден плус: Производите од Wilo се долговечни, не бараат многу одржување и гарантираат индивидуални решенија и најсовремена технологија.

Индивидуални решенија за сечија потреба

Најголема ефективност е нашата премиса којашто се однесува на сите видови примена. Поради тоа нудиме широк спектар на енергетски ефикасни решенија. Од поединечен производ, па се до комплетна постројка – со нашите Wilo решенија добивате одличен совет во секој момент. При тоа сеедно е дали се работи за помали пумпи за куќи со едно или повеќе семејства или се работи за постројки за канцелариски згради, болници или, пак, аеродроми, железнички станици или трговски центри. Нашите производи се секогаш опремени со револуционерна технологија. Нашите меѓусебно усогласени и високоефикасни системи се надополнети со еден сеопфатен сервис. За вас ова значи: комплетна понуда од само една фирма.

Дознајте повеќе за нашите производи

Trinkwasser Trinkwasser-Zirkulation

Санитарна топла вода


Климатизација