Греење

Индивидуални решенија за вашиот проект

Како еден од светските лидери на пазарот на понудувачи на пумпи и пумпни системи за технологија за згради, ви нудиме и производи по ваша мерка со висок степен на дејствување и максимална заштеда на енергија. Нашата замисла е секогаш нашите решенија за вас да бидат што повеќе ефикасни и што е можно повеќе приспособени кон вас.

Со помош на нашето долготрајно искуство со проекти за технологијата на зградите, ви даваме поддршка како во планирањето така и при спроведувањето на вашите проекти.

Енергетски ефикасно и сигурно

Греењето е топлотното јадро на секој дом – било да се во прашање класични грејни тела или подно греење. Високоефективните пумпи на Wilo го претвораат секој простор во зона на добросостојба. Притоа, тие не обезбедуваат само топлина и сигурност, туку придонесуваат и кон заштедата на енергија и пари. Едноставни за вградување, одржување и особена сигурност – тоа можете да го очекувате од пумпите на Wilo во секој миг. Нашите високоефективни пумпи значително ги смалуваат трошоците за струја дури и во комерцијална примена. Калориферите коишто се наоѓаат под нивото на водата бараат отстранување на акумулираната кондензација со помош на уреди коишто се предвидени за тоа. Wilo ви нуди индивидуални и драгоцени решенија токму за оваа намена.

Heizung Primärkreis
Heizung Fußbodenheizung
Heizung Primärkreis
Heizung Primärkreis