Дистрибуција и зголемување на притисокот

Прекрасните планини и долгите долини се сон за секој што сака да пешачи. Но, во однос на водоснабдувачката инфраструктура, тоа значи многу комплексни услови. За да може регионите со голема висинска разлика и голем број на точки на прием на водата да се снабдуваат со вода на сигурен начин, потребни се ефикасни пумпи со постојан притисок и добро планирање. Но, дури и кај географски порамните краишта, водата треба да се пренесува и дистрибуира на големи растојанија. Особено во големите градови со многу висококатници, дистрибуцијата под правилен притисок е предизвик којшто не треба да се потцени и за којшто е потребна огромна дистрибуциска мрежа од цевки.

Ефикасно управување со притисокот од самата постројка до консументот

Потребно е сигурно и беспрекорно водоснабдување, за да може да се загарантира потребниот животен стандард и доброто здравје на населението. Честопати проблемот се наоѓа кај застарените цевководи, коишто се многу порозни кога се под постојан притисок на водата. Притоа, настануваат пукнатини и протекување на водата. За да се избегне таквата загуба на водата, системот за цевковод постојано се проверува со електронски уреди. Уште еден начин за да се редуцира загубата поради преголем притисок во цевките е да се изберат правилните пумпи, коишто можат ефикасно да го поднесат притисокот. Сигурните и интелигентни Wilo пумпи гарантираат дека крајниот корисник секогаш ќе го добива посакуваниот притисок и дека загубите и трошоците за тоа ќе бидат минимални.

Druckerhöhung Trinkwasserversorgung aus dem öffentlichen Netz
Druckerhöhung Trinkwasserversorgung aus dem öffentlichen Netz

Дистрибуција на водата и зголемување на притисокот во град

Во рамките на една зграда, постројките за зголемување на притисокот се дел од системот за дистрибуција на водата. Тие се грижат за потребниот притисок на водата за пиење, користење и гаснење пожар – и тоа на сите катови. Нивната примена е потребна особено за високи градби и згради во посебни ситуации, каде што притисокот на дистрибуција не е доволен или законски е припишан друг притисок на водата. Овде, Wilo нуди одговарачки решенија од секаков вид коишто претставуваат предизвик во однос на дистрибуцијата и зголемување на притисокот. Покрај примената во згради, постројките за зголемување на притисокот се користат и во надворешни услови за зголемување на напорот, односно на места каде што има природна разлика во висината. Поради големото оптоварување на составните елементи, се препорачува полугодишно до годишно одржување за да се загарантира безбедна и долгорочна работа без проблеми.