Комерцијално земјоделство

За темелно наводнување на сите билки

Во сувите подрачја е исклучително важно водата да се експлоатира за наводнување и да се спроведува што е можно поефикасно. Поради тоа нудиме одговарачки технолошки решенија. На пример, потопните Wilo пумпи за бунари и турбини овозможуваат извлекување на вода од земјишта или водовод. Така се овозможува соодветно снабдување.

Smiling man kneeling in front of a field

Фармерите имаат различни идеи од каде би ја добивале водата. Поради тоа Wilo разви пумпи коишто ви овозможуваат слободно да изберете каде ќе ја поставите пумпата. Така, може сосема лесно да се постави на сплав за наједноставно извлекување вода од реки или езера. Во пракса најмногу се имаат покажано Wilo пумпите со сув ротор. Со нив можете сосема независно да ги пумпате потребните количини вода од одредено ниво на водата и да ги пренесете до она место каде што е тоа потребно.

На големите рамни површини честопати недостаува притисок во водата. Тоа особено се случува при променливи нивоа на водата. Во таквите случаи одлично се имаат покажано високоефикасните системи и уреди под висок притисок на Wilo. Со нив сте сигурни дека сите билки на полето се полиени со доволен притисок на водата. На тој начин се осигурува константно снабдување дури и кога нивото на водата е променливо. И тоа со што е можно поголема заштеда на енергија.