Наводнување

Во земјоделството, одржливото искористување на водата е предуслов за производство на природна храна во услови на постојани климатски промени. Променливата клима остава забележително влијание врз производството во голем број региони во светот. Поради таквите околности, потребно е наводнување за да може да се добие принос. Дополнителните околности, како премногу малку врнежи или врнежи со голема променливост, исто така наложуваат наводнување со цел да се избалансира природното водоснабдување. Со наводнувањето, возможно е огромните површини, коишто инаку би биле суви и неплодни, да се направи да бидат корисни и плодоносни. Од таа причина, повеќе од 150 милиони хектари низ светот се снабдуваат со вода преку вештачко наводнување.

Модерен систем за наводнување на аграрни култури

Постојат различни начини на снабдување на корените со потребната вода со помош на модерното наводнување на полињата. Потребата за вода притоа зависи од типот на употребените посеви, условите на почвата и климата.

Примена во комерцијално земјоделство

За темелно наводнување на сите билки, потребни се различни системи на пумпи и системи за наводнување.

Во сувите полиња е исклучително важно водата да се експлоатира за наводнување и да се спроведува што е можно поефикасно. Wilo ја поседува потребната експертиза и нуди технологии наменети за тоа. На пример, бунарската техника и турбините на Wilo овозможуваат извлекување на вода од земјишта или водовод со цел да се загарантира сигурното снабдување.

Фармерите имаат различни идеи за тоа од каде би ја добивале водата што им е потребна. Поради тоа Wilo разви пумпи коишто ви овозможуваат слободно да изберете каде ќе ја поставите пумпата. Може сосема лесно да поставувате пумпи на платформи за наједноставно извлекување вода од реки или езера.

Во пракса најмногу се имаат покажано Wilo пумпите со сув ротор. Со нив, можете сосема независно да ги пумпате потребните количини вода од одредено ниво на водата и да ги пренесете до она место каде што ви е потребна.

На големите рамни површини, честопати недостасува потребниот притисок во водата со цел сигурно снабдување - особено кога нивото на водата е променливо. Високо ефикасните Wilo системи за зголемување на притисокот се наменети за таквите случаи. Со нив сте сигурни дека сите билки на полето ќе бидат полиени со доволен притисок на водата. На тој начин се осигурува константно снабдување дури и кога нивото на водата е променливо - а со тоа се штеди и енергија.