Одводнување

Секаде каде што луѓето живеат во некакви градби, се акумулира отпадна вода, којашто може да се подели на категории на нечиста вода и дождовница. Нечистата вода по правило оди директно во канализација, а на крајот во постројка за прочистување за повторно да се врати назад во циклусот на водата. За споредба, дождовницата може одделно да се испушти преку систем за одвојување или со нечистата вода заедно преку систем за мешање. Се советува градежниците и раководителите секогаш да имаат подготвено план за одводнување со помош на специјалист за тоа, со цел избегнување на изненадувања во иднината.

Entwässerung Regenwasserentsorgung

За една постројка за одводнување да биде функционална долго време, мора редовно да се одржуваат и чистат поединечните елементи, како што се постројката за одведување на отпадната вода, заштитата од повратен тек и цевките. Причината за поплавените подруми во случаи на големи дождови главно е поради недостатокот од начини

за затворање на дренажните точки. Со оглед дека голем дел од вградените канализациски цевки во зградите протекуваат или со текот на времето почнуваат да протекуваат, се препорачуваат редовни проверки за протекувања со цел вашата постројка за одведување на отпадна вода да не пумпа отпадна вода во самата структура на зградата со што може да се предизвикаат масовни штети. Како врвен производител на пумпни системи со најголем квалитет, Wilo е вашиот партнер за контакт, чиишто услуги се фокусирани кон клиентот и којшто поседува сеопфатни системски решенија.

Одводнување на земјишта и згради

За повеќето луѓе, беспрекорното отстранување на отпадна вода е нешто што се зема здраво за готово. Важноста на постројките за одводнување во зградите и на земјиштата, односно тие да бидат функционални, ја забележуваме само кога повеќе нема функционално одводнување.

Најчестите проблеми со постројките за одводнување настануваат поради оштетени или скршени цевки, при што отпадната вода и калта стигаат до подземните води. Така се предизвикува загадување од енормни размери потпомогнато од пумпањето во постројките за прочистување кое трае предолго. Тешките ерозии и лизгањето на земјиштето под патиштата честопати може да ја оштети и околната инфраструктура. Поради тоа, сопствениците на имоти се обврзани да ja одржуваат постројката за одводнување во соодветна состојба. Како компетентен партнер, ви стоиме на располагање за совети околу негата и одржувањето на системите.

Подрачје на примена на постројката за одводнување

Постројките за одводнување се користат во приватните домаќинства, на приватните имоти и кај јавната инфраструктура. Пумпите за нечиста вода на Wilo веќе неколку години се употребуваат успешно во нискоградби, високоградби, за уредување на земјишта и во спортски објекти. Освен тоа, нашите пумпи се користат за вадење вода од реки и езера, за одржување на суви подрачја и за секакви намени на одводнување.

Entwässerung Regenwasserentsorgung