Отсолување

Се овозможува повторно користење на водата.

Отсолувањето е многу важно за иднината, бидејќи снабдувањето на сите луѓе со чиста вода ќе биде се потешко поради загадувањето и недостатокот на слатка вода.

Кога се зборува за отсолување на морската вода, потребата за иновативни и економични решенија е особено голема. Со оглед на тоа што овој процес троши полно енергија, се препорачува да се применува само онаму каде што има недостиг од слатка вода.