Снабдување со вада за геснење пожари

Заштита од пожар и вода за пиење

Противпожарните уреди и уредите за заштита од пожар се применуваат само кога избива пожар. Ако се наполнети со вода и не се проточни, постои опасност водата да е хигиенски неисправна. Ако тие уреди се поврзани со постројки за снабдување со вода за пиење, постои опасност по водата. Во уредите со вода за гаснење пожар по правило се собира стагнирачка вода. Стоената вода може да придонесе за развој на бактерии што се опасни по здравјето на човекот. На основа на стандардите DIN 1988 и DIN EN 1717, се препорачува одвојување на уредите за потрошна вода, како и на противпожарните уреди од јавни извори со вода за пиење, на пример, со помош на сигурносна арматура за слободно испуштање (Тип: AA, AB). По закон треба да се исклучи опасноста од потенцијални бактериолошки зарази во јавната мрежа за вода за пиење или во таа за домаќинства. Во случај на одвојувачките станици за вода за пиење, индустриските системи на Wilo се сертифицирани за слободно испуштање од типот: AB интегриран.

Brandbekämpfung Automatische Sprinkleranlage
Brandbekämpfung Wandhydranten und Hydranten
Brandbekämpfung Automatische Sprinkleranlage
Brandbekämpfung Hydranten
Brandbekämpfung Wandhydranten

Погодно за употреба во секакви случаи

Различните ситуации во зградите и односот на различните регионални прописи бараат специфични решенија. Со висококвалитетните Wilo компоненти, противпожарните уреди можете да ги составите самостојно. Профитирајте со помош на нашите „know-how“ решенија и нашата високо ефикасна пумпна технологија. На пример, со потполно автоматските постројки за водоснабдување во моќниот систем којшто е составен од енергетски ефикасни циркулациони пумпи под висок притисок и стандардни норм-мотори.Високоефикасните Wilo пумпи за снабдување со вода за гасење пожар нудат специфични решенија, а притоа ви овозможуваат да се држите до сите прописи додека работите со нив. Нашите решенија ги исполнуваат побарувањата што ги пропишува стандардот DIN 14462, којшто се однесува на заштитата на луѓе, материјали и згради. Подеднакво важна е апсолутната сигурност за време на работа во случај на пожар.Wilo нуди висококвалитетни комплетни системи за доверлива и сигурна употреба на вода за гасење пожар. Системите за снабдување со вода за гасење пожари на Wilo се посебно погодни

  • за зидни и надворешни хидранти
  • за прскалки коишто се додаваат на ѕидните и надворешните хидранти
  • за висококатници и имот