Собирање и транспорт на отпадна вода

Сигурни и одржливи системски решенија за собирање отпадна вода

Wilo производите и системите поставуваат стандарди во однос на капацитетот на моќноста и ефикасноста. Со оглед на тоа, ви стоиме на располагање од моментот на планирање преку пуштањето во употреба, па сè до одржувањето на уредот. Wilo ви нуди сè во еден пакет: од домашно одводнување преку шахтна пумпна станица, меѓустаница и пумпен колектор, па сè до притисочно одводнување.

Wilo World - Wastewater collection and transport - Wilo-EMUport CORE
Abwasser Abwasserentsorgung außerhalb des Gebäudes - Gebäude
Abwasser Abwasserentsorgung außerhalb des Gebäudes - Gebäude
Abwasser Abwasserentsorgung im Gebäude - Gebäude

Системски решенија за објекти со најразличен спектар на побарувања

Секаде каде што нема канализација или не е возможна изградба на истата, односно не е економски исплатлива, се препорачува користење на притисочно одводнување со помош на цевковод со мал пречник. Новите пумпни шахти Wilo-Port 600 и Wilo-Port 800 се посебно развиени за овој вид примена. Шахтното тело од цврст и нерѓосувачки полиетилен нуди потисна сигурност во прилика на подигнување до горната ивица на земјиштето. Притоа, тие се долготрајни и сигурни за работа.

Компетентен систем за отстранување цврсти материи

За дренажа на комерцијални и индустриски комплекси на згради, потребно ви е доверливо решение, кое е и финансиски атрактивно. Системите за отстранување цврсти материи Wilo-EMUport се вистинска иновација во отклонување на отпадната вода. Имаат голема ефикасност, создаваат минимални трошоци при работата и се едноставни за одржување. Со оглед дека само отпадната вода стига во пумпната хидраулика, на тој начин се избегнува затнување и се зголемува безбедноста при работа.