Третирање на отпадна вода

Совршено обновување на водните ресурси

Во поглед на климатските промени, централната тема на пазарот е намалената употреба на енергија. Финансиските трошоци за комуналните и приватните снабдувачи растат. Предизвиците растат. Тука се вбројува и растечката содржина на цврсти материјали во отпадната вода, растечката регулатива и построгите закони. Wilo може да ви излезе во пресрет како доверлив партнер во поглед на сите побарувања и секогаш можете да се потпрете на компанијата. Заштедата на вредни ресурси како што е водата е принцип којшто се подразбира денес, но во исто време се зголемува и содржината на цврсти материјали во отпадните води. Поради тоа транспортот на сурова вода станува сè посложен. Во целиот свет Wilo важи за синоним на првокласна германска традиција во областа на инжинерството. Wilo пумпите и системите поставуваат нови стандарди во поглед на техничката продуктивност и ефикасност за комунално третирање отпадна вода. Кога се работи за заштита на животната средина и одржливост на ресурсите, третирањето отпадна вода игра значајна улога.

Biological treatment with circulation tank
Wilo-Sevio AIR P panel diffuser - circulation tank
Biologische Abwasserbehandlung - Blick auf ein Umlaufbecken, Darstellung der Strömung

Интелигентни решенија за циркулационен круг на третирање отпадна вода

Oд планирање и димензионирање, до пуштање во работа и одржување: Нашите стручњаци ви нудат лична поддршка во сите фази од проектот. Wilo системите и производните решенија поставуваат нови стандарди за технолошка моќност, финансиска ефикасност, доверливост и долговечност.

Ние ви пружаме поддршка околу решенијата за

  • Преливно корито за дожд
  • приливни пумпи
  • механичко чистење и преттретирање
  • биолошко чистење
  • биолошко чистење со MBBR
  • после третман, пумпи за доток и третирање на кал