индустрија

Многу економичен и ефикасен

Кога се работи за Wilo, знаеме дека: секоја индустриска област има свои сопствени големи побарувања коишто се однесуваат на производната технологија и материјали коишто се користат за изградба на компонентите. Поради тоа за нашите партнери развиваме индустриски решенија и производи по мерка, со што гарантираме сигурност, флексибилност и ефикасност.

Повеќекратна примена

Wilo производите се применуваат на различни начини насекаде низ светот.

Прехранбена индустрија

Кога зборуваме за намирници, не постојат преголеми побарувања. Затоа што пред сѐ тоа влијае на нашето здравје. Поради тоа оваа област поставува високи побарувања во однос на технологијата и материјалите на сите компоненти коишто се употребуваат. Во секој процесен дел мора да се испочитуваат производните параметри како што се температура и заптивање, за да може да се одржат квалитативни и хигиенски стандарди. Поради тоа пумпите мора редовно да се испитуваат во однос на функционалноста и сигурноста.

Метална индустрија

Челикот денес е основниот елемент во технолошкиот напредок. Производството на челик спаѓа во индустриска гранка со најголема потрошувачка на вода и енергија, а во исто време има огромен потенцијал за заштеда. Сигурното снабдување и отстранување на вода е производен процес со суштински последици. Најголем предизвик се агресивните и абразивни течности коишто во голема мерка ги оптеретуваат пумпните системи во текот на примената. Во тој случај Wilo пумпите работат многу ефективно и точно и го достигнуваат максималниот работен век.

Рударство

Mеталите како што се сребро и бакар се исклучително лесни и денес се употребуваат во сите области на електронската индустрија. Транспортот е скап: Честопати резервоарите се наоѓаат на неколку стотини метри под земјата. Кога се вади руда од овие длабочини, водата – во овој случај отпадната вода и водата што надоаѓа – претставуваат голем предизвик. Wilo пумпите се идеални за индустриска примена под висок притисок, на пример за отстранување на вода во рудници.

Енергетска индустрија

енергијата е основа на животот. Енергија им е потребна на сите луѓе, животни и билки – и поради тоа ја трошат. Поради тоа постојано расте потребата за енергија во светот. Една од најважните задачи на технолошкиот напредок е ефикасно искористување и произведување на енергија.

Wilo пумпите со цевковидни куќишта во овој случај прават драгоцен придонес, на пример, при преносот на вода за ладење. Со употреба на најмодерни материјали и технологии на пумпи се достигнува до исклучителна 90% хидраулична ефикасност, што значи намалување на енергетските трошоци.