подготовка на вода

Високо ефективната технологија ги чува нашите ресурси и воведува економичност во работата

Подготовката на вода за пиење и обработка, кондиционирање на ладна вода, како и оптимизација на уредите за перење и плакнење. Ова се само некои примери каде што е потребно водата да се подготви за специјална употреба. Постојаните предизвици како што е растечката содржина на цврсти материјали во отпадната вода поради што се отежнуваат условите за работа на постројките и уредите, наложуваат нови и иновативни начини во постигнувањето на целта за подобрени процеси, а со тоа и на производот. Како дополнително доаѓа и процесот со енергијата.

Во поглед на климатските промени, актуелна е ниската искористувачка на енергија – а со тоа и ниските трошоци за животниот циклус, коешто и во иднината ќе претставува тема број еден на пазарот. Со развивањето на високоефективнита технологија, Wilo во овој случај поседува огромен потенцијал во штитењето на водните ресурси и намалувањето на трошоците. Поради таквите услови, насекаде во светот се применуваат пумпите од Wilo.

Од комунална употреба па сѐ до употреба во индустријата

Од постројките за чистење на отпадната вода од индустријата се ослободуваат штетни елементи. Процесот на прочистување на отпадната вода и нејзино спроведување во водените ресурси е долг и скап. Лицата одговорни во оваа област се наоѓаат под константен финансиски притисок и во исто време мора да испочитуваат полно државни прописи и закони. Со развивањето на високо ефективна технологија, Wilo нуди огромен потенцијал во заштитата на водните ресурси и намалувањето на трошоците.

Дури и во областа на подготовка на вода за пиење Wilo ја има покажано својата компетенција. Постројките Wilo-EMU нудат долгогодишно искуство за комплетни решенија во областа на подготовка на вода за пиење, од планирање и проектирање па се до комплетно изведување на постапката и техниката на управување со нив.

Во спектарот на перформанси на Wilo за подготовка на вода за пиење се вбројуваат меѓу останатото и

  • отстранување на железо и деманганизација
  • неутрализирање на киселоста (физички и хемиски)
  • филтрирање на мембрана (ултра филтрирање)
  • UV дезинфекција
  • филтрирање на активниот јаглен