IR-Stick

Опис на серијата

Особености/предности на производот

Заедно со компјутерскиот софтвер Wilo Service Tool, Wilo-IR-стикот нуди:

  • Прегледниот приказ и директниот, брз, интуитивен пристап до сите податоци за пумпите и параметрите
  • Графичкиот пристап на најважните поставки на пумпите со еден поглед
  • Меморирање на податоците за пумпите во документацијата, понатамошна обработка и архивирање во со Excel
  • Регистрираните податоци за пумпите можат од Excel да се печатат во саканиот приказ.
  • За анализа на временското одвивање, податоците за пумпите можат подолг период да се регистрираат во Excel датотека.

Безжичната IR-комуникација овозможува:

  • Регулирање и набљудување на непристапно инсталирани пумпи
  • Специјални поставки/режими на регулација кај посебни барања
  • Заштита од неовластен пристап на пумпата

Конструкција

Барања за компјутер

За работата на овој IR-стик потребен е вообичаен компјутер / лаптоп, кој мора да ги има следните предуслови:

  • Интерфејси: USB приклучок 1.1 (компатибилен со USB 2.x / 3.x)
  • Оперативен систем: Windows 2000, Windows XP, Vista, Windows 7, Windows 8
  • Дисплеј: мин. XGA (1024 x 768 пиксели)

Актуелниот фирмвер за IR-стикот и актуелниот софтвер за ракување ви стојат на располагање за преземање од веб-локацијата www.wilo.de/zubehoer (www.wilo.com/accessories).

Примена

USB-стик за безжична размена на податоци за сите Wilo-пумпи со инфрацрвен интерфејс, се прилагодува на секој лаптоп со USB-интерфејс. IR-стикот заедно со испорачаниот софтвер на Wilo (CD-ROM) овозможува исчитување и меморирање на бази податоци за пумпите, како и испраќање на однапред дефинирани нагодувања за пумпите. IR-стикот, заедно со испорачаниот софтвер на Wilo (CD-ROM), овозможува исчитување и меморирање на бази податоци за пумпите, како и испраќање на однапред дефинирани поставки за пумпите.

Опрема/функција

Функција и ракување

IR-стикот се приклучува на компјутер/лаптоп исто како USB-мемориски стик, преку USB приклучокот. За полесно порамнување кон IR-интерфејсот на пумпата може да се примени испорачаното продолжување на USB-кабелот. IR-транспондерот лежи на надворешната челна површина на стикот наспроти USB-приклучокот, IR-транспондерот на стикот треба да биде насочен во прозорецот на IR-интерфејсот на пумпата. Се ракува преку Wilo сервисниот софтвер за Windows PC

Структура на поврзување

Размената на информации меѓу IR-стикот и пумпата(ите) следува безжично преку инфрацрвен интерфејс со 33 kHz или 455 kHz. Бавното пренесување со 33 kHz обезбедува компатибилност со сите постоечки електронски регулирани пумпи со инфрацрвен интерфејс. При поврзување, по избор на саканата пумпа се воспоставува логичко поврзувањер со дадената пумпа. До прекинување на врската се комуницира само со таа пумпа, дури и ако во линијата има други пумпи.

Поддршка при анализа на грешки

При грешка кај пумпата се меморираат сите претхосно дефинирани работни податоци на пумпата. За дијагноза, тие може да се вчитаат на компјутерот со помош на сервисната алатка на Wilo и да се анализираат.

Статистички функции

Кај многу пумпи се меморираат статички информации. Со помош на сервисната алатка на Wilo тие може да се исчитаат и графички да се проценуваат. Со оваа проценка се ставени на располагање значајни информации за условите за работа и за поставките коишто можат да се употребат за оптимизирање на пумпата и на поставките.

Технички податоци

Серија

IR-стик

Производ

PDF: IR-Stick

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај