Port 600

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Капаци за шахти по кои може да се вози – и за тежок сообраќај – што може директно да се монтираат на шахта
  • Флексибилни приспособувања во фазата на инсталација благодарение на континуирано продолжување на шахтата до 2,75 m
  • Најголема безбедност при работа и заштита против пропустливост преку едноделни тела на шахта до 2,25 m
  • Долг работен век благодарение на примена на материјали што не кородираат
  • Едноставно одржување со лесно пристапни арматури преку надводна спојка
  • Едноставна инсталација преку лесни тела на шахта од полиетилен и вградени приливни приклучоци
  • Потисна сигурност на телата на шахта без дополнителни отежнувања преку кружни решетки на капак на шахта

Конструкција

Шахта од пластика за поставување во земја

Примена

Транспортот на претходно прочистена вода или вода со фекалии, којашто не се спроведува низ систем на канали со природен пад може да содржи и предмети коишто пловат под нивото на повратниот притисок.

Опсег на испорака

  • Шахта за пумпа со претходно монтиран цевковод
  • Надводна спојка
  • Неповратен вентил
  • Засун
  • Ланец

Напомена: TMW-пумпи за поставување на под, без надводна спојка.

Напомена! Пумпата не спаѓа во опсегот на испораката!

Означување на типот

Пр.:

Wilo-Port 600.1-1500-03B

600

Номинален пречник на шахтата во mm

1

Број на пумпи

1500

Монолитна монтажна висина во mm

03

Губење на притисокот, на пр. 03 = DN 32

B

Варијанта на цевковод за Wilo-пумпа B = Rexa CUT, MTC 32F39, MTC 40 D = TC 40, TS 40, STS 40 E = TMW 32

Материјали

  • Пумпна шахта: PE
  • Цевковод: Нерѓосувачки челик (кај TMW 32: PVC)
  • Траверзна: Не’рѓосувачки челик
  • Засун: црвено леано железо
  • Топчест неповратен вентил: Сиво леано железо, обложено со прав отпорен на корозија
  • Надводна спојка: Сиво леано железо, обложено со прав отпорен на корозија
  • Синџир: Не’рѓосувачки челик

Опис/конструкција

Пластична шахта подготвена за инсталацијам со комплетен цевковод во монолитна изведба, со макс. висина на шахта од 2250 mm, без заптивни површини, изборно со телескопско продолжување до макс. 2750 mm. Сертифицирање според (DIN) EN 12050-1 со геометрија на шахтата, којашто спречува наталожување и јамки за кран, за лесно преместување и транспорт. Сигурно стартување при ниво на подземната вода до горниот раб на теренот, без дополнителен бетонски баласт. Топчест неповратен вентил монтиран директно на притисочната наставка на пумпата. Надводна спојка за брза и лесна монтажа на пумпа и подготовка за изборен приклучок за испирање и за отстранување вакуум. Засун со ракавец, со изборен продолжеток за ракување. Заедно со синџир, како уред за дигање на пумпата. Капак за шахта според EN 124 во класите A 15 и B 125; се инсталира директно на шахта, без плоча за распределба на оптоварувањето, изборно е достапна класа D 400 (плочата за распределба на оптоварувањето ја обезбедува корисникот).

Напомена: При опрема со пумпи TMW 32: Пумпи за поставување на под, без надводна спојка.

Технички податоци:

  • Монолитни висини на шахта: 1500, 1800, 2250 mm
  • Макс. висина на шахта со продолжување: 2750 mm
  • Номинален пречник на шахта: 600 mm
  • Приклучна наставка (затворена): 2x DN 100, 2x DN 150, 1x DN 200
  • Притисочен излез со надворешен навој: R 1¼, R 1½
  • Приклучок за уред за испирање/отстранување вакуум: Rp 1

Серија

Port 600

Производ

PDF: Port 600

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај