SiFire EN 100/200-183-30 E

Податочен лист

Материјали
  • Куќиште на пумпа
    5.1301, EN-GJL-250
  • Работно коло
    1.4408, GX5CrNiMo19-11-2
  • Вратило
    1.4057, X20CrNi17-2
Работни податоци
  • Макс. напор
    128.00 m
  • Мин. температура на медиум
    3 °C
  • Макс. температура на медиум
    50 °C
  • Макс. температура на околината
    40 °C
Податоци за мотор
  • Механичка номинална моќност
    30.00 kW
  • Фактор на моќност
    0.86
  • Вид на заштита
    IP54
Информации за нарачувања
  • Нето тежина прибл.
    726 kg
  • Производ
    Wilo
  • Ознака на производ
    SiFire EN 100/200-183-30 E
  • Опис
    4183699

Карактеристики

SiFire EN 100/200

SiFire EN 100/200
SiFire EN 100/200

Информации за порачка

Information for order placements
  • Производ
    Wilo
  • Ознака на производ
    SiFire EN 100/200-183-30 E
  • EAN број
    4048482375243
  • Опис
    4183699
  • Бруто тежина прибл.
    776.0 kg
  • Нето тежина прибл.
    726 kg
  • Целокупна должина
    744.0 mm
  • Висина без амбалажа
    2113 mm
  • Боја
    зелена/црна/сребро
  • Карактеристики на пакување
    Комерцијална амбалажа
  • Вид на пакување
    Специјална палета
  • Број по слој
    1
  • Ширина без амбалажа
    2098.0 mm
  • Минимална количина за нарачка
    1
  • Број по палета
    1

Опис

Постројка за зголемување на притисокот како автоматска компактна постројка за гаснење пожар според EN 12845.

Составена од 1 главна пумпа со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување, електро мотор и мембрански притисочен сад (Содржина: 20 l) како и една разводна кутија, фиксирана на робусна држечка конструкција.

Модел SC-Fire E за електро мотор, опремен со Smart контролер, солидна конструкција од специјални профилни делови со кружни жлебови за виљушкар и кука, така што е овозможен безбеден транспорт без проблеми. Разводна кутија која може да се нагодува во висина и специјална основна рамка, со што преносот на вибрации се намалува значително и се зголемува сигурноста и животниот век.

Циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, повратен вентил, вентил за главната пумпа за автоматско стартување (осигуран од делување на неовластени лица). Каблите се позајмуваат во конструкцијата и се заштитени од потрес и засекување. Стандардна изведба опремена со мембрана инсталирана директно на главната пумпа, за да се спречи прекумерно вжештување при нула-прилив.

Разводен уред SC Fire Е за противпожарни постројки во согласност со EN 12845.

Приклучна табла интегрирана во куќиште од челичен плех, според вид на заштита IP54.

Многу висок квалитет на управување и особено едноставна работа благодарение на SC-Fire управувањето, со ЛЦД екран базиран на симболи, лесно упатство за корисници со едноставно мени, притисочен и вртлив прекинувач за брзо поставување на параметри. Комуникациски контролен и управувачки механизам за надгледување на работата на постројката.

Постројката е монтирана на основна рамка со поврзани кабли и цевки, подготвена за приклучување.

Приливен притисок:

При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (види ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на системот, соодветно намален за предвидениот максимален напор на пумпата при Q = 0. Кај постројките за распрскување според EN 12845, максималната вредност на притисокот на водата треба да биде 12 бари. Во постројките за распрскување со силен пораст, во кои разликата во висината помеѓу највисокиот и најнискиот распрскувач изнесува повеќе од 45 m, притисокот на водата на излезот на пумпата или во цевките може да биде повисок од 12 бари, доколку се дизајнирани сите компоненти на постројката за ова ниво на притисок.

Инсталација на пумпа за зголемување на притисокот според можностите за вшмукување.

За главната пумпа треба да се инсталира приливен резервоар со приклучок на потисната цевка над пумпата.

Проток

До 750 m³/h (208 l/s) системска конфигурација за главната пумпа.

Приклучна табла/управувачки уред за вода за гаснење- систем за снабдување

Wilo-Control SC-Fire E (главна пумпа со електро мотор)

Хардвер:

Електронска централна управувачка единица, вградена во челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки и екранизирани уреди на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа (стартување преку DOL или поврзување ѕвезда-триаголник). Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла. (При неовластено користење во случај на пожар)
  • Дисплеј: Вграден екран на вратата од разводната кутија за ракување и прикажување. Ги покажува податоците за работата и работната состојба на пумпата и функција за управување и контролирање преку комбинација на симболи и нумерички кодови. Изборот на менито и внесувањето параметри се изведува преку црвеното копче
  • Микропроцесор со Soft-SPS: Микропроцесор -SPS (Soft-SPS), реализиран преку програмирање, мрежен дел и E/A- ожичување. Конфигурацијата на програмирањето зависи од системот и од постројката за распрскување
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори кои ја покажуваат подготвеноста и работата на пумпата, активирањето на потисниот прекинувач и на пливачкиот прекинувач, погрешно стартување, збирна грешка, рачно стартување и запирање
  • Копчиња: Копчиња на притискање за рачно стартување и запирање, тестирање на ламби и потврдување на аларми и сигнали за внимание
  • Осигурувач: Заштитни осигурувачи, кои го толерираат почетниот тек најмалку 20 секунди
  • Стартување на моторот: Контактор за директно вклучување, до 22 kW, при поголема моќност, стартување преку поврзување ѕвезда-триаголник
  • Заштита на мотор: Само за сигнализирање
  • Надгледување на водоснабдувањето: Преку пливачки прекинувач, со цел нивото на водата да биде секогаш најмалку 2/3 од приливниот резервоар
  • Контрола на моќност: Довод на вода и моќност на пумпа
  • Сеопфатна сигнализација: Грешки од секаков вид се прикажуваат на зеднички индикатор за грешки
  • Индивидуална сигнализација: Преку индивидуален индикатор за грешки се прикажува битната сигнализација - грешка при стартување
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сите сигнали за грешка се прикажуваат на лед диоди, на екран се прикажани како код за грешка и мора да се рестартира

Софтвер:

  • Фабрички програмиран за автоматска работа
  • Информации за напон, јачина на струја и моќност на пумпа
  • Навигација на менито со помош на симболи

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за пумпи со електромотор
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo SC-Fire E управувачките уреди, можат да се контролираат пумпи со електромотор, сензори за управување со пумпите како и нивото на информации. SC- уредот се контролира преку микропроцесор со Soft-SPS. Тој служи за управување и регулација на потребните функции на уредите за зголемување на притисокот за снабдувањето со вода за геснење пожари спред EN 12845, за тестирање и при работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Доколку е потребно поголемо количество на вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, прекинете го притисокот во системот. Како резултат на тоа SC-Fire Controller регулаторот предизвикува стартување на главната пумпа. Штом се затвори циркуларниот круг на распрскувачот или засунот, со што се врши снабдување на главите за распрскување, во системот се` повеќе се зголемува притисокот во мирување. Тогаш мора да се притиснат копчињата за запирање на SC-Fire, за да запре главната пумпа.

Дополнителни информации:

Битна предност на Smart Controller SC-Fire е лесното управување на докажаната Wilo технологија-црвено-копче. Основа на SC е можноста за зачувување на програмираното управување Soft SPS, кое се базира исклучиво на големото искуство на Wilo. Целото програмирање се прави интерно. Со тоа овие управувачки уреди можат флексибилно да се употребуваат во нова генерација и во согласност со сите специфични побарувања на купувачите и на пазарите.

Работни податоци
  • Макс. напор
    128.00 m
  • Мин. температура на медиум
    3 °C
  • Макс. температура на медиум
    50 °C
  • Макс. температура на околината
    40 °C
  • Приливен притисок
    0.59 bar
Податоци за мотор
  • Механичка номинална моќност
    30.00 kW
  • Фактор на моќност
    0.86
  • Вид на заштита
    IP54
Материјали
  • Куќиште на пумпа
    5.1301, EN-GJL-250
  • Работно коло
    1.4408, GX5CrNiMo19-11-2
  • Вратило
    1.4057, X20CrNi17-2
Информации за нарачувања
  • Производ
    Wilo
  • Ознака на производ
    SiFire EN 100/200-183-30 E
  • Нето тежина прибл.
    726 kg
  • Опис
    4183699

Downloads

Wilo-MVIL

Број на производ 4086201
Издание 1502
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 14

PDF (1 MB)

Преземи

Wilo-SiFire EN

Број на страници 40

PDF (7 MB)

Преземи

Wilo-SiFire EN

Издание 1510
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (41 MB)

Преземи

Wilo-Control SC-Fire Electric

Број на производ 2541367
Издание 1510
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 34

PDF (33 MB)

Преземи

Wilo-Control SC-Fire Jockey

Број на страници 1

PDF (12 MB)

Преземи

PDF: SiFire EN 100/200-183-30 E

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај