SiFire Easy 32/200-193-6.8 DJ

Податочен лист

Материјали
  • Куќиште на пумпа
    5.1301, EN-GJL-250
  • Работно коло
    1.4408, GX5CrNiMo19-11-2
  • Вратило
    1.4057, X20CrNi17-2
  • Материјал на заптивање
    EPDM
Работни податоци
  • Мин. температура на медиум
    3 °C
  • Макс. температура на медиум
    50 °C
  • Макс. температура на околината
    40 °C
Податоци за мотор
  • Вид на заштита
    IP54
Информации за нарачувања
  • Нето тежина прибл.
    597 kg
  • Производ
    Wilo
  • Ознака на производ
    SiFire Easy 32/200-193-6.8 DJ
  • Опис
    4205220

Карактеристики

SiFire Easy 32/200

SiFire Easy 32/200
SiFire Easy 32/200

Информации за порачка

Information for order placements
  • Производ
    Wilo
  • Ознака на производ
    SiFire Easy 32/200-193-6.8 DJ
  • EAN број
    4048482661872
  • Опис
    4205220
  • Бруто тежина прибл.
    632.0 kg
  • Нето тежина прибл.
    597 kg
  • Целокупна должина
    1026.0 mm
  • Висина без амбалажа
    1521 mm
  • Боја
    зелена/црна/сребро
  • Карактеристики на пакување
    Комерцијална амбалажа
  • Вид на пакување
    Специјална палета
  • Број по слој
    1
  • Ширина без амбалажа
    1547.0 mm
  • Минимална количина за нарачка
    1
  • Број по палета
    1

Опис

Постројка за зголемување на притисокот како автоматска компактна постројка за гаснење пожар според EN 12845.

Составена од една главна пумпа со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување, дизел мотор и мембрански притисочен сад (Содржина: 20 l) како и една разводна кутија, фиксирана на робусна држечка конструкција.

Модел EC-Fire D за електро мотор, опремен со Easy Controller, солидна конструкција од специјални профилни делови со кружни жлебови за виљушкар и кука, така што е овозможен безбеден транспорт без проблеми. Разводна кутија која може да се нагодува во висина и специјална основна рамка, со што преносот на вибрации се намалува значително и се зголемува сигурноста и животниот век.

Циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, повратен вентил, вентил за главната пумпа за автоматско стартување (осигуран од делување на неовластени лица). Каблите се позајмуваат во конструкцијата и се заштитени од потрес и засекување. Стандардна изведба опремена со мембрана инсталирана директно на главната пумпа, за да се спречи прекумерно вжештување при нула-прилив.

Резервар за гориво со сензор за состојбата (количеството на гориво) и волумен кој е доволен за шестчасовна самостојна работа како и 2 батерии на основната рамка и полначи за батерии на EC-Fire разводна кутија.

Независна анти-вибрациска основна рамка за пумпата со дизел мотор.

Разводен уред EC-Fire D за противпожарни постројки во согласност со EN 12845.

Приклучна табла интегрирана во куќиште од челичен плех, според вид на заштита IP54.

Максимален квалитет и наједноставно ракување преку EC-Fire управување со директен приказ на актуелниот работен статус со повеќејазичен LD-екран базиран на симболи, лесно упатство за корисници со едноставно мени, притисочен и вртлив прекинувач за брзо поставување на параметри. Комуникациски контролен и управувачки механизам за надгледување на работата на постројката.

Постројката е монтирана на основна рамка со поврзани кабли и цевки, подготвена за приклучување.

Приливен притисок:

При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (види ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на системот, соодветно намален за предвидениот максимален напор на пумпата при Q = 0. Кај постројките за распрскување според EN 12845, максималната вредност на притисокот на водата треба да биде 12 бари. Во постројките за распрскување со силен пораст, во кои разликата во висината помеѓу највисокиот и најнискиот распрскувач изнесува повеќе од 45 m, притисокот на водата на излезот на пумпата или во цевките може да биде повисок од 12 бари, доколку се дизајнирани сите компоненти на постројката за ова ниво на притисок.

Инсталација на пумпа за зголемување на притисокот според можностите за вшмукување.

За главната пумпа треба да се инсталира приливен резервоар со приклучок на потисната цевка над пумпата.

Проток

До 750 м³/ч (208 л/с) системска конфигурација за главната пумпа.

Приклучна табла/управувачки уред за вода за гаснење- систем за снабдување

Wilo-Control EC-Fire D (главна пумпа со дизел мотор)

Хардвер:

Електронска централна управувачка единица, вградена во челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки и екранизирани уреди на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа . Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла. (При неовластено користење во случај на пожар)
  • Дисплеј: Вграден екран на вратата од разводната кутија за ракување и прикажување. Ги покажува податоците за работата и работната состојба на пумпата и функција за управување и контролирање базирано на симболи. Изборот на менито и внесувањето параметри се изведува преку копчиња за притискање на предната врата
  • Микропроцесор: Микропроцесор програмабилно технички реализиран SPS, мрежен дел и вклучување I/O. Конфигурацијата на програмирањето зависи од постројката и од постројката за распрскување
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори, кои го покажуваат следново: Работа на пумпата, активирање на потисниот прекинувач, деактивирање на автоматскиот модул, деактивирање на моторното греење, аларм за температура, аларм за маслениот притисок, погрешно стартување, аларм за ремените, ниско ниво на гориво, полнач за батерии, испразнета батерија, аларм на полнач за батерии, рачно запирање
  • Копчиња: Копче на притискање за рачно запирање, рачна стартна батерија A, рачна стартна батерија B, тестирање на ламби и рестартирање на аларми и сигнали за внимание, како и избор на мени
  • Осигурувач: Заштитни осигурувачи за греење и полнач за батерии во приклучната табла
  • Стартување на моторот: Автоматско преку две батерии кои можат да се сменат или директно преку копчето за стартување на предната табла
  • Заштита на мотор: Контрола на типичен параметар на работа кај дизел мотор (температура, маслен притисок итн.) без запирање
  • Контрола на моќност: Надгледување на бројот на вртежи на дизел мотор
  • Надгледување на батериите: Надгледување на напонот, струјата и грешките на полнење
  • Надгледување на водоснабдувањето: Преку пливачки прекинувач, со цел нивото на водата да биде секогаш најмалку 2/3 од приливниот резервоар
  • Контрола на водоснабдувањето: Сигнализација за грешка на полначот за батерии при намалување на водоснабдувањето
  • Сеопфатна сигнализација: Грешки од секаков вид се прикажуваат на зеднички индикатор за грешки
  • Индивидуална сигнализација: Битните поединечни грешки се прикажуваат преку индикаторите за поединечни грешки
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сите сигнали за грешка се прикажуваат на лед диоди и мора да се рестартира

Софтвер:

  • Фабрички програмиран за автоматска работа
  • Информации за бројот на вртежи на моторот, волтажата на полнењето и текот на полнењето.
  • Навигација на менито со помош на текст

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за пумпи со дизел мотор
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo EC-Fire D управувачките уреди, можат да се контролираат пумпи со дизел мотор, сензори за управување со пумпите како и нивото на информации. Приклучната табла управувана со помош на микропроцесор служи за управување и регулација на сите потребни функции на постројката за зголемување на притисокот според EN 12845 за тестови или вистински случаи на дефекти.

Работната логика на делот за гасење пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата. Доколку е потребно поголемо количество вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, притисокот во постројката ќе попушти. Ова води кон стартување на главната пумпа со помош на приклучна табла.

Штом се затвори циркуларниот круг на распрскувачот или засунот, со што се врши снабдување на главите за распрскување, во постројката сè повеќе се зголемува притисокот на одржувањето. Тогаш мора да се притиснат копчињата за запирање на предната врата за да запре пумпата.

Wilo-Control EC-Fire J (џокеј пумпа со електромотор)

Хардвер:

Комплетна електронска централна управувачка единица, вградена во лакирано челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки уреди и копчиња на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа . Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори, кои ја покажуваат подготвеноста на пумпата, работата на пумпата и збирните грешки
  • Прекинувач: Вртлив прекинувач за поставување на рачен модус или автоматски модус
  • Стартување на моторот: Директна заштита
  • Заштита на мотор: Прекинувач за заштита од куршлус и преоптоварување
  • Индивидуална сигнализација: Сигнализација за грешки на моторот (куршлус,преоптоварување)
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сигнализацијата за гршки на моторот е прикажана преку соодветни лед диоди. Ресетирањето се прави при ново стартување на заштитниот прекинувач на моторот

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за џокеј пумпи
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo-Control EC-Fire J единиците, џокеј пумпите можат да бидат опремени со електромотор и сензори според EN 12845, за тестирање, како и при работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Џокеј пумпата која служи за зголемување на притисокот се стартува прва и служи за тоа, системот да биде наполнет со вода и да биде под притисок. Таа се активира при намалување на притисокот во системот. Регулирање на стартувањето и запирањето се врши со потисен прекинувач, кој е калибриран по закон.

Работни податоци
  • Медиум
    Water
  • Дозволени медиуми
    Water
  • Мин. температура на медиум
    3 °C
  • Макс. температура на медиум
    50 °C
  • Макс. температура на околината
    40 °C
  • Приливен притисок
    0.98 bar
Податоци за мотор
  • Вид на заштита
    IP54
Материјали
  • Куќиште на пумпа
    5.1301, EN-GJL-250
  • Работно коло
    1.4408, GX5CrNiMo19-11-2
  • Вратило
    1.4057, X20CrNi17-2
  • Материјал на заптивање
    EPDM
Информации за нарачувања
  • Производ
    Wilo
  • Ознака на производ
    SiFire Easy 32/200-193-6.8 DJ
  • Нето тежина прибл.
    597 kg
  • Опис
    4205220

PDF: SiFire Easy 32/200-193-6.8 DJ

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај