Wilo-Actun ZETOS

Опис на серијата

Особености/предности на производот

• Енергетски штедливо водоснабдување благодарение на највисокиот степн на ефикасност на пумпа до 85,5 %

• Работа со ниски трошоци поради највисок степен на севкупна ефикасност во оваа класа со мотор со траен магнет

• Висок степен на сигурност благодарение на хидраулика отпорна на корозија од фин нерѓосувачки челик во 1.4408 (AISI 316)

• Висока отпорност на трошење: Макс. содржина на песок од 150 g/m³

• ACS дозвола за користење на вода за пиење

• Некомплицирано одржување, поедноставна монтажа и демонтажа.

Опис

Wilo-Actun ZETOS е нашето универзално решени за ефикасна експлоатација на необработена вода, било да се работи за комунално водоснабдување, земјоделство или рударство. Со највисок степен на ефикасност на пумпата според нејзината класа до 85 %, таа е идеална за економично водоснабдување во речиси секој процес. Цврстиот фин нерѓосувачки челик и цврстиот дизајн гарантираат долг работен век и висок степен на ефикасност, дури и под тешки услови, на пример, при голема содржина на песок до 150 g/m3.

Конструкција

Повеќестепена подводна пумпа од фин нерѓосувачки челик во членковидна изведба, за вертикална и хоризонтална инсталација

Примена

  • Снабдување со потрошна и вода за пиење од бушотини, бунари и цистерни, за комунални и индустриски примени
  • Изведба за вода за пиење со ACS одобрение
  • Транспорт на вода за вештачки дожд и наводнување
  • спуштање на ниво на подземна вода
  • Зголемување на притисок
  • Транспорт на вода надвор од копното и кај постројки за гасење пожар
  • За геотермални, односно топлински примени
  • Дренажа на вода за примена при минирање и во рударство

Опрема/функција

  • Повеќестепена хидраулика со полуаксијални кола
  • Вграден неповратен вентил
  • NEMA-спојка
  • Трифазен мотор

Опсег на испорака

  • Агрегат (хидраулика + мотор) фабрички монтирани
  • Приклучен кабел по желба на клиентите
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-Actun ZETOS-K8.130-17 + NU 701-2/130

Actun

Фамилија на продукти

ZETOS

Опис на серијата

Хидраулика

K8.130-17

K

Опис на типот

8

Пречник на хидрауликата во цоли ["]

130

Проток во оптимална точка при 50 Hz [m3/h]

17

Број на степени на хидрауликата

Мотор

NU 701-2/130

NU

Подводен мотор

701

Монтажна големина (5…, 6... = 6"; 7…, 8… = 8")

2

Бр. на полови

130

Номинална моќност [kW]

Технички податоци

Хидраулика:

  • Макс. проток: 395 m³/h
  • Макс. напор: 640 m
  • Макс. температура на медиум: 70 °C
  • Макс. содржина на песок: 150 g/m³
  • Потисен приклучок
    • K8: G 5
    • K10: G 6, DN150 (PN10/16), DN150 (PN40)

Мотор:

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz ±10 %; 3~460 V, 60 Hz ±10 %; други на барање
  • Макс. температура на медиум: 60 °C, независно од типот мотор и брзината на струење на моторот. Повисоки температури на барање
  • Потопен работен режим: S1
  • Макс. број стартувања:
    • NU 5..., NU 6…, NU 7… = 20/h
    • NU 8.., NU 9.., NU 122 = 10/h
    • NU 160 = 5/h
  • Макс. длабочина на потопување:
    • NU 5… NU 711 = 350 m
    • NU 701, NU 801, BZ 911, NU122, NU 160 = 300 m
    • NU 611, NU 811 = 100 m
  • Вид на заштита: IP 68
  • Контролно подрачје за фреквентен конвертор:
    • NU 501, NU 611, NU 701 = 30 – 50 Hz
    • NU 511, NU 711 = 60 – 100 Hz (мотор со траен магнет, 4-полен)
    • NU 801, NU 811, NU 911, NU 122, NU 160 = 25 – 50 Hz

Опис/конструкција

Подводна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со полуаксијална хидраулика. Сите делови на куќиштето и колата се од фин не‘рѓосувачки челик (1.4408).

Потисен приклучок

  • K8: Навојна врска со непроватни вентили
  • K10: Навојна врска или прирабничко поврзување, секое со неповратни вентили

Опции за потисен приклучок

  • без неповратен вентил
  • Адаптер за опрема за различни големини на приклучување

Мотор

Трифазен мотор за директно активирање и за вклучување ѕвезда-триаголник (работа со фреквентен конвертор е дозволена) или мотор со траен магнет (само работа со фреквентен конвертор, притоа излезните филтри се апсолутно потребни).

  • NU 501, NU 701: Изолиран, херметички залиен мотор со лакирана намотка потопено во смола
  • NU 511, NU 611, NU 711, NU 8…, NU 901, NU 122, NU 160: Може повторно да се намотува мотор со изолирана намотка (PE2, PE2/PA или PVC)

Обвивка на моторот од челик, нерѓосувачки челик, А2/А4 квалитет на бронза.

Приклучување на хидраулика со стандарден NEMA-приклучок. Заптивање на вратилото на моторот со лизгачка механичка заптивка од чист силициум-карбид. Самоподмачкувачки лежишта на мотор.

Аксијални лежишта за со сегменети за навалување, за преземање на високите аксијални оптоварувања. Негативниот аксијален потисокј се презема преку контра-аксијалното лежиште.

Моторите на серијата NU 5…- и NU 7…се наполнети со мешавини на вода-гликол, а сите други се наполнети со мешавина од вода-глицерин.

Алтернативно, моторите можат да се наполнат со вода за пиење (изведба „T“).

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. При хоризонтално поставување на подводната пумпа, за потпирање мора да се користат носачи на лежиште. За подобрување на приливното струење може да се употреби плоча против вртложење или обвивка за млазно ладење.

Притисочна обвивка

Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара.

Вкупен дијаграм

Wilo-Actun ZETOS

PDF: Wilo-Actun ZETOS

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај