Wilo-Comfort CO-/COR-Helix V.../CC

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робусен систем во согласност со DIN 1988 (EN 806)
  • Високо ефикасна хидраулика на пумпа
  • Севкупна постројка со оптимизирано опаѓање на притисокот
  • 2 - 6 паралелно поврзани вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix V
  • Комфорен контролен уред CC, со проширени функции, управување со микрокомпјутер и екран на допир, без или со фреквентен конвертор за континуирана регулација на основната пумпа

Конструкција

Високопродуктивна, подготвена за приклучување постројка за водоснабдување (нормално вшмукувачка), со 2 до 6 паралелно поврзани, вертикално подредени високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик во сува изведба, од серијата Helix V, со вкл. Comfort Controller CC (достапен со и без фреквентен конвертор)

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-6 пумпи по постројка од сериите Helix V 4 до Helix V 52 со IE2 норм-мотор, заклучно 7,5 kW и голем IE3 норм-мотор (опционално за помала моќност на мотор)
  • Автоматско управување со пумпите преку Comfort Controller CC. COR-постројките се дополнително опремени со фреквентен конвертор во разводниот орман.
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4571
  • Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
  • Давач на притисок, притисочна страна
  • Манометар, притисочна страна
  • Изборно, уред за осигурување од недостаток на вода со манометар, од вшмукателната страна

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-COR-4 Helix V 2203/1/K/CC

CO

Компактна постројка зголемување на притисокот

R

Регулација на соодветната основна пумпа преку фреквентен конвертор во расклопен уред

4

Број на пумпи

Helix V

Серија на пумпи

22

Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа

03

Број на степени на единечна пумпа

1

Број на исклучени работни кола на една пумпа

K

Со патронска прстенеста заптивка

CC

Регулатор; CC = Comfort-Controller

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~230 V/400 V ± 10%, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½" - DN 200
  • Приклучни номинални дијаметри R 1½" - DN 200
  • Номинален број на вртежи 2850 1/мин
  • Степен на заштита IP 54 (контролен уред СС)
  • Осигурување од страната на мрежата AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
    • вода за пиење и загреана вода за пиење
    • вода за ладење
    • вода за гасење

Материјали

Helix V 4 до Helix V 16

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4571

Helix V 22 до Helix V 52

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4308
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4571

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкуван челик, со придушувачи на осцилациите, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: 2 до 6 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix V 4 до Helix V 52; сите делови што се во допир со медиумот се од не‘рѓосувачки челик; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за сите делови коишто се во допир со медиумот
  • Арматури: секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со топчеста затворачка арматура или вентил со контролна ознака DVGW, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, заради проверка и ревизија, опремена со затворачка топчеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort Controller CC
  • Приказ на притисокот: манометар ( ∅ 63 mm ) од крајната притисочна страна; дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок во алфанумеричкиот допирен дисплеј на Comfort-Controller
  • Контролен уред/регулатор: постројката е опремена со Comfort-регулатор СС во стандардна изведба; COR дополнително со фреквентен конвертор

Вкупен дијаграм

Comfort CO(R)

Производ

PDF: Wilo-Comfort CO-/COR-Helix V.../CC

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај