Wilo-Comfort CO-/COR-Helix V.../CC

Особености/предности на производот

  • Робусен систем во согласност со DIN 1988 (EN 806)
  • Високо ефикасна хидраулика на пумпа
  • Севкупна постројка со оптимизирано опаѓање на притисокот
  • 2 - 6 паралелно поврзани вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix V
  • Комфорен контролен уред CC, со проширени функции, управување со микрокомпјутер и екран на допир, без или со фреквентен конвертор за континуирана регулација на основната пумпа

Опис на серијата

Изведба

Високопродуктивна, подготвена за приклучување постројка за водоснабдување (нормално вшмукувачка), со 2 до 6 паралелно поврзани, вертикално подредени високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик во сува изведба, од серијата Helix V, со вкл. Comfort Controller CC (достапен со и без фреквентен конвертор)

Употреба

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Означување на типот

Пр.: Wilo-COR-4 Helix V 2203/1/K/CC
CO Компактна постројка зголемување на притисокот
RРегулација на соодветната основна пумпа преку фреквентен конвертор во расклопен уред
4Број на пумпи
Helix VСерија на пумпи
22Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа
03Број на степени на единечна пумпа
1Број на исклучени работни кола на една пумпа
KСо патронска прстенеста заптивка
CCРегулатор; CC = Comfort-Controller

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~230 V/400 V ± 10%, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½" - DN 200
  • Приклучни номинални дијаметри R 1½" - DN 200
  • Номинален број на вртежи 2850 1/мин
  • Степен на заштита IP 54 (контролен уред СС)
  • Осигурување од страната на мрежата AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU‐прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):
    • вода за пиење и загреана вода за пиење
    • вода за ладење
    • вода за гасење
    Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-6 пумпи по постројка од сериите Helix V 4 до Helix V 52 со IE2 норм-мотор, заклучно 7,5 kW и голем IE3 норм-мотор (опционално за помала моќност на мотор)
  • Автоматско управување со пумпите преку Comfort Controller CC. COR-постројките се дополнително опремени со фреквентен конвертор во разводниот орман.
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4571
  • Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
  • Давач на притисок, притисочна страна
  • Манометар, притисочна страна
  • Изборно, уред за осигурување од недостаток на вода со манометар, од вшмукателната страна

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкуван челик, со придушувачи на осцилациите, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: 2 до 6 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix V 4 до Helix V 52; сите делови што се во допир со медиумот се од не‘рѓосувачки челик; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за сите делови коишто се во допир со медиумот
  • Арматури: секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со топчеста затворачка арматура или вентил со контролна ознака DVGW, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, заради проверка и ревизија, опремена со затворачка топчеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort Controller CC
  • Приказ на притисокот: манометар ( ∅ 63 mm ) од крајната притисочна страна; дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок во алфанумеричкиот допирен дисплеј на Comfort‐Controller
  • Контролен уред/регулатор: постројката е опремена со Comfort‐регулатор СС во стандардна изведба; COR дополнително со фреквентен конвертор

Материјали

Helix V 4 до Helix V 16

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4571

Helix V 22 до Helix V 52

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4308
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4571

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа
  • Транспортни јамки за самостојна монтажа

Водич за проектирање

Редуктор на притисокот

Кога приливниот притисок е премногу голем или премногу се колеба, треба да се инсталира редуктор на притисокот, кој ќе одржува константен минимален притисок. Дозволено колебање на приливниот притисок макс. 1,0 бар.

Проток

До 400 m3/h (111 l/s) димензионирање на постројката според DIN 1988 (EN 806); со резервна пумпа до 480 m3/h (133 l/s) при работа на резервната пумпа како дополнителен агрегат за врвно оптоварување.

Приливен притисок

При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок. Макс. приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0

Осигурување од недостиг на вода (WMS)

Според DIN 1988 (EN 806), кога пострјките за зголемување на притисокот се приклучени директно на јавна мрежа за снабдување, треба да се вгради уред за осигурување од недостаток на вода; Со тоа се спречува евентуални опаѓање на приливниот притисок во водот за снабдување на вредности под 1,0 бари. Додадете го во налогот при порачка на постројката за зголемување на притисокот. Wilo тогаш го вградува WMS заедно во постројката зголемување на притисокот, го ожичува и му ја проверува функцијата при завршната проверка на функционирањето.

Заштитен прекинувач за резидуална струја

При инсталација на заштитен прекинувач за резидуална струја поврзан со фреквентни конвертори, треба да се земат предвид само заштитни прекинувачи за резидуална струја за сите струи, според DIN/VDE 0664.

Стандарди/директиви

Севкупниот систем одговара на барањата на

  • DIN 1988 дел 5
  • DIN 1988 дел 6* (**)

* Придржувајте се на прописите од DIN 1988 (EN 806) и на локалните претпријатија за водознабдување. Во однос на електричните состевни елементи постројката одговара на барањата на

  • VDE 0100 дел 430/дел 540
  • VDE 0110 дел 1/дел 2
  • VDE 0660 дел 101/дел 107 и
  • DIN 40719/IEC 754

При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806).

(**)Ова не важи за постројки за гасење пожар во согласност со DIN14462. Овие треба посебно да ги порачате!

Вкупен дијаграм

Работни криви на пумпа

‐‐‐‐ вклучувајќи и резервна пумпа

Преземања

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Wilo-CC-систем

Број на производ 2063144
Издание 0306
Број на верзијата 01
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (23 MB)

Преземи

Wilo-Helix V/ FIRST V 22-36-52

Број на производ 4120943
Издание 1603
Број на верзијата 09
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (116 MB)

Преземи

Wilo-Helix V/ FIRST V 2-4-6-10-16

Број на производ 4143727
Издание 1607
Број на верзијата 08
Формат на страница A4
Број на страници 17

PDF (118 MB)

Преземи

Wilo-Economy, Wilo-Comfort, -Comfort-N, Wilo-Vario

Број на производ 2063145
Издание 1007
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (47 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Comfort CO-/COR-Helix V.../CC

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај