Wilo-Comfort CO-/COR-MVI.../CC

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Комфорен систем според DIN 1988
  • 2-6 паралелно поврзани вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик, од серијата MVI
  • Комфорен уред за контрола/регулација „CC“, со можност за мемориско програмирано микрокомпјутерско управување и со допирен дисплеј со можност за целосен графички приказ, внесување на работните параметри водено со мени; кај COR-постројките со фреквентен конвертор, за континуирана регулација на пумпата за основно оптоварување

Конструкција

Постројка за зголемување на притисокот со 2 до 6 паралелно поврзани, нормалновшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-4 пумпи од серијата MVI по постројка
  • Автоматско управување со пумпите преку CC-Controller
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамна поцинкувана со придушувач на осцилации со висинско поместување за изолација од вибрациона бучава
  • Затворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
  • Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
  • Манометар, од предната притисочна страна, изборно достапен
  • Манометар, од крајната притисочна страна
  • Изборно достапно осигурување од недостиг на вода

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-COR-4 MVI 804/CC

CO

Компактна постројка зголемување на притисокот

R

Регулација на соодветната основна пумпа преку фреквентен конвертор

4

Број на пумпи

MVI

Серија на пумпи

8

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

04

Број на степени на единечна пумпа

CC

регулациска единица; CC = Comfort-Controller

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~230 V/400 V ± 10%, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½" - DN 200
  • Приклучни номинални дијаметри R 1½" - DN 200
  • Номинален број на вртежи 2850 1/мин
  • Степен на заштита IP 54 (контролен уред СС)
  • Осигурување од страната на мрежата AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
    • вода за пиење и загреана вода за пиење
    • вода за ладење
    • вода за гасење

Материјали

MVI 1.. до 16..--6

  • Работни кола и степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404 (MVI 16..--6 само во 1.4301)
  • Куќиште на пумпата не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Вратило не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Заптивка EPDM (EP 851)/FKM (Витон)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Долен дел од куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
  • Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Лежиште волфрамкарбид
  • База на пумпата EN-GJL-250
  • Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4571

MVI 16.. до 95..

  • Работни кола не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Куќиште на пумпата EN-GJL-250/1.4404
  • Вратило не’рѓосувачки челик 1.4057/1.4404
  • Заптивка EPDM (EP 851)/FKM (Витон)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Долен дел од куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
  • Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Лежиште волфрамкарбид
  • Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4571

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкувана и опремена со ублажувачи на стегањето, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: се користат 2 до 6 паралелно поврзани пумпи од сериите MVI 2 до MVI 95; сите составни елементи во допир со медиумот на оваа пумпа се од не‘рѓосувачки челик, односно, од MVI 16.. натака, од сиво леано железо (со катодно електро-боење) или, на барање, од не‘рѓосувачки челик
  • Арматури: секоја пумпа е опремена со затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна, со DVGW-контролна ознака или со прстенест затворачки вентил и неповратен вентил со DVGW-одобрение од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил-каучук, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачка топчеста славина, заради проверка и ревизија, со празнење и проточна арматура според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort-Controller
  • Прикажување на притисокот: од претпритисочната и од крајната притисочна страна преку манометар (ø 63 mm); дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на алфанумеричкиот сензорски екран на регулаторот Comfort.
  • Контролен уред/регулатор: постројката е опремена со Comfort-регулатор СС во стандардна изведба; COR дополнително со фреквентен изменувач

Вкупен дијаграм

Comfort CO(R)

Производ

PDF: Wilo-Comfort CO-/COR-MVI.../CC

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај