Wilo-Comfort COR Helix VE.../CCe

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робусен систем со високопритисочни центрифугални пумпи од нер‘ѓосувачки челик Helix VE, со вграден фреквентен изменувач од 25 Hz до 60 Hz
  • Високо ефикасна хидраулика на пумпа
  • Севкупна постројка со оптимизирано опаѓање на притисокот
  • Вграден уред за препознавање работа на суво, со автоматско исклучување преку електронска регулација на мотор
  • Максимален квалитет на регулација благодарение ан контролниот уред CCe, со проширени функции, управување со микрокомпјутер и екран на допир

Конструкција

Високопродуктивна , подготвена за приклучување постројка за водоснабдување (нормално вшмукувачка) со 2 до 6 паралелно поврзани, вертикално подредени високопритисочни центрифугални пумпи од нер’ѓосувачки челик во изведба со сув ротор, од серијата Helix VE, при што секоја пумпа располага со вграден фреквентен конвертор со воздушно ладење, со вкл. Заедно со контролорот Comfort CCe.

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-6 пумпи по постројка, од сериите Helix VE 4 до Helix VE 16, со IE4-еквивалентни норм-мотори и со континуирано регулирана работа со вграден фреквентен конвертор кај секоја пумпа
  • Автоматско управување со пумпите преку контролор Comfort Controller CC.
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
  • Давач на притисок, притисочна страна
  • Манометар, притисочна страна
  • Изборно, уред за осигурување од недостаток на вода со манометар, од вшмукателната страна

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа
  • Транспортни јамки за самостојна монтажа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-COR-4 Helix VE 1603/K/CCe

COR

Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи за секоја пумпа

4

Број на пумпи

Helix VE

Серија на пумпа

16

Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа

03

Број на степени на единечна пумпа

K

Со патронска прстенеста заптивка

5,5

Номинална моќност на мотор P2 во kW [постои само ако за типовите со иста хидраулична моќност се на располагање повеќе мотори]

CCe

Контролен уред; CCe = Comfort Controller за пумпи со вграден фреквентен конвертор

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10%, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz
  • Температура на медиум макс. +50 °C (+70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½" - DN 125
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 1½" - DN 125
  • Опсег на бројот на вртежи 1500-3770 1/мин
  • Степен на заштита: IP 54
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на DIN 1988 (EN 806)
    • вода за пиење и загреана вода за пиење
    • вода за ладење
    • вода за гасење

Материјали

За сериите со Helix VE 4 до VE 16:

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не‘рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило од не‘рѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Прстенести заптивки од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од не‘рѓосувачки челик 1.4571

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкуван челик, со придушувачи на осцилациите, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: Се користат 2 до 6 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix VE 4.., 6.., 10.., 16.. Фреквентниот изменувач, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со повратна врска помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии. За Helix VE 4.., 6.., 10.., 16.. сите делови што се во допир со медиумот се изведени од не‘рѓосувачки челик; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за сите делови коишто се во допир со медиумот
  • Арматури: Кај сериите Helix VE 4.., 6.., 10.., 16.. секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со контролна ознака за DVGW, а од притисочната страна со неповратен вентил со одобрение DVGW/KTW
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 да се постави на страната на крајниот притисок. Со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, заради проверка и ревизија, со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот потисен притисок, за активирање на централниот контролор Comfort Controller CC
  • Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) од крајната притисочна страна; дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок на алфанумеричкиот допирен дисплеј на Comfort-Controller
  • Контролен уред/регулатор: постројката е опремена со регулатор Comfort Controller CCe во стандардна изведба

Вкупен дијаграм

Comfort COR

Производ

PDF: Wilo-Comfort COR Helix VE.../CCe

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај