Wilo-Comfort-N CO-/COR-MVIS.../CC
Опис на серијата


Особености/предности на производот
- комфорна постројка во согласност со сите барања на DIN 1988
- 2-6 паралелно поврзани вертикални високопритисочни центрифугални пумпи во целосна изведба од нерѓосувачки челик, од серијата MVIS
- Систем што работи речиси бесшумно преку високопритисочни центрифугални пумпи со воден ротор, од не’рѓосувачки челик од серијата MVIS
- До 20 dB[A] потивок од конвенционалните системи со споредлива хидраулична моќност
Конструкција
Постројка за зголемување на притисокот со 2 до 6 паралелно поврзани, нормално вшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик со мотори со воден ротор
Примена
- Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
- Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN 14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки
Опрема/функција
- 2-6 пумпи по постројка
- Автоматско управување со пумпите преку CC-Controller
- Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
- Основната рамка е поцинкувана, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
- Погонски куглест вентил/прстенест зтворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
- Неповратен вентил, од притисочната страна
- Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
- Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
- Манометар (од предната притисочна страна) изборно достапен
- Манометар (од крајната притисочна страна)
- Изборно достапно осигурување од недостиг на вода
Опсег на испорака
- Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
- Амбалажа
- Упатство за вградување и работа
Означување на типот
Пр.: | Wilo-COR-4 MVIS 804/CC |
CO | Компактна постројка зголемување на притисокот |
R | Регулација на соодветната основна пумпа со помош на фреквентен конвертор |
4 | Број на пумпи |
MVIS | Серија на пумпи |
8 | Номинален проток на единечна пумпа [m3/h] |
04 | Број на степени на единечна пумпа |
CC | Контролна единица; CC = Comfort контролер |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа 3~230 /400 V ± 10 %, 50 Hz (други изведби на барање)
- Температура на медиум макс. 50 °C
- Температура на околина макс. 40 °C
- Работен притисок 16 бара
- Приливен притисок 6 бара
- Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 2" - Rp 3"
- Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 2" - Rp 3"
- Номинален број на вртежи 2750 1/мин
- Вид на заштита IP44
- Осигурување од страната на мрежата [AC 3] соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
- Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
- вода за пиење и загреана вода за пиење
- Вода за ладење
- Вода за гасење
Материјали
- Работни кола од нерѓосувачки челик 1.4301
- Степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301
- Куќиште на пумпата нерѓосувачки челик 1.4301
- Вратило не’рѓосувачки челик 1.4122
- Заптивка EPDM (EP 851)
- Долен дел од куќиштето не`рѓосувачки челик 1.4301
- Притисочна обвивка не`рѓосувачки челик 1.4301
- Лежиште јаглен, импрегнирано со синтетичка смола
- Ногалка на пумпа EN-GJL-250
- Цевковод од племенит челик 1.4571
Опис/конструкција
- Основна рамка: поцинкувана и опремена со придушувачи на вибрациите со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
- Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
- Пумпи: се користат 2 до 6 паралелно поврзани пумпи од сериите MVIS 2.., MVIS 4.. и MVIS 8..; сите делови на оваа пумпа што се во допир со медиумот се од не‘рѓосувачки челик
- Арматури: секоја пумпа е опремена со затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна, со DVGW-контролна ознака, и неповратен вентил со DVGW-одобрение од притисочната страна
- Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил-каучук, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачка топчеста славина, заради проверка и ревизија, со празнење и проточна арматура според DIN 4807
- Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort-Controller
- Прикажување на притисокот: од претпритисочната и од крајната притисочна страна преку манометар (ø 63 mm); дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на сензорскиот екран на регулаторот Comfort
- Контролен уред/регулатор: постројката е опремена со Comfort-регулатор СС во стандардна изведба; COR дополнително со фреквентен изменувач; кај COR-постројките овој уред е опремен со фреквентен изменувач за регулација на бројот на вртежи на пумпата за основно оптоварување
Вкупен дијаграм
Comfort-N CO(R)

