Wilo-Comfort-N-Vario COR-1 MVISE...-GE

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Систем што работи речиси бесшумно благодарение на високопритисочни центрифугални пумпи со воден ротор, од не‘рѓосувачки челик, со вграден фреквентен конвертор
  • До 20 dB[A] потивка од вообичаените постројки со споредлива хидраулична моќност
  • Лесно нагодување и сигурна работа преку применетата серија на пумпи MVISE со вградено препознавање на сув од и автоматско исклучување при недостиг на вода

Конструкција

Постројки за водоснабдување со нормалновшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа, во изведба со воден ротор и интегрирана регулација на бројот на вртежи

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 1 пумпа од серијата MVISE со мотор со воден ротор и континуирано контролирана работа преку интегриран фреквентен изменувач
  • Сите делови што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамна од не’рѓосувачки челик 1.4301, опремена со ублажувачи на стегањето, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава
  • Затворачки вентил, од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-COR-1 MVISE 206/GE

CO

Компактна постројка зголемување на притисокот

R

Ргулација со фреквентен претворувач

1

Со една пумпа

MVISE

Серија на пумпи

2

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

06

Број на степени на единечна пумпа

GE

Основна единица; оттаму без дополнителен контролен уред

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Приклучни номинални дијаметри Rp 1¼ - Rp 1½
  • Вид на заштита IP 44

Материјали

  • Ногалка од не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Работни кола не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило не’рѓосувачки челик 1.4122
  • Лежиште/механичка заптивка јаглен, импрегниран со синтетичка смола
  • Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4571

Опис/конструкција

  • Основна рамка: Не‘рѓосувачки челик, опремена со придушувачи на вибрации, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик од притисочната страна, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: се користи по 1 пумпа од сериите MVISE 2.., 4.. или 8..; фреквентните конвертори, адаптирани на моторот на пумпата, овозможуваат континуирана работа на сите пумпи од овие серии во режим на регулација со повратна врска: сите делови на пумпите што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик
  • Арматури: пумпата е опремена од притисочната страна со затворачка арматура, со DVGW-контролна ознака и со неповратен вентил со DVGW-одобрение
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил-каучук, која не е штетна според законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачка топчеста славина, заради проверка и ревизија, со празнење и проточна арматура според DIN 4807

Вкупен дијаграм

Comfort-N-Vario COR

Производ

PDF: Wilo-Comfort-N-Vario COR-1 MVISE...-GE

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај