Wilo-Comfort-N-Vario COR MVISE.../VR

Особености/предности на производот

  • Речиси бесшумен систем благодарение на 2-4 паралелно поврзани високопритисочни центрифугални пумпи со воден ротор, од не’рѓосувачки челик со вграден, фреквентен изменувач со водено ладење
  • До 20 dB[A] потивок од конвенционалните системи со споредлива хидраулична моќност
  • Опсег на регулирање на фреквентните изменувачи од 20 до 50 Hz
  • Сигурна работа благодарение на пумпи MVISE со вградено препознавање на сув од и автоматско исклучување

Опис на серијата

Изведба

Постројка за зголемување на притисокот со 2 до 4 паралелно поврзани, нормалновшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, со мотор со воден ротор, со регулиран број на вртежи

Употреба

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Означување на типот

Пример:Wilo-COR-3 MVISE 406/VR
CORКомпактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи
3Број на пумпи
MVISEСерија на пумпи
4Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]
06Број на степени на единечна пумпа
VRРегулатор; VR = Vario-контролор

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~ 400 V ± 10 %, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz (други изведби на барање)
  • Температура на медиум макс. 50 °C
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 2" - R 3"
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 2" - R 3"
  • Опсег на бројот на вртежи 1100 - 2750 1/мин
  • Степен на заштита IP 44
  • Осигурување од страната на мрежата [AC 3] соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):
    • Вода за ладење
    • Вода за пиење и потрошна вода
    • Вода за гаснење
    Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки.

Опрема/функција

  • 2‐4 пумпи со мотори на воден погон по постројка
  • Континуирано контролирана работа преку пумпи со интегриран фреквентен изменувач
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основната рамка е поцинкувана, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Цевковод од не‘рѓосувачки челик 1.4571
  • Затворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
  • Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
  • Манометар (од предната притисочна страна) изборно достапен
  • Манометар (од крајната притисочна страна)
  • Изборно достапно осигурување од недостиг на вода

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкувана и опремена со ублажувачи на стегањето, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: се користат 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од MVISE 2.., 4.., 8..; фреквентните конвертори, адаптирани на моторот на пумпата, овозможуваат континуирана работа на сите пумпи од овие серии во режим на регулација со повратна врска: сите делови на пумпите што се во допир со медиумот се од не‘рѓосувачки челик
  • Арматури: секоја пумпа е опремена со по една атворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна, со DVGW‐контролна ознака, односно прстенест затворачки вентил, и неповратен вентил со DVGW‐одобрение од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил‐каучук, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачка топчеста славина, заради проверка и ревизија, со празнење и проточна арматура според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort‐Vario‐регулатор
  • Прикажување на притисокот: од претпритисочната и од крајната притисочна страна преку манометар (ø 63 mm); дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на алфанумеричкиот ЛЦД екран на регулаторот Comfort-Vario
  • Регулатор: постројката е опремена со Vario‐регулатор VR во стандардна изведба

Материјали

  • Работни кола не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Куќиште на пумпата не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило не’рѓосувачки челик 1.4122
  • Заптивки EPDM (EP851)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Долен дел од куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Лежиште јаглен, импрегнирано со синтетичка смола
  • Ногалка на пумпа EN‐GJL‐-250
  • Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4571

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Опции

Други приклучоци на мрежа на барање

Водич за проектирање

Редуктор на притисокот

Променливиот приливен притисок се компримира преку уредот за регулирање на бројот на вртежи, вграден во секоја единечна пумпа, доколку колебањето на притисокот не е поголемо од разликата помеѓу зададената вредност на притисокт и на нултата вредност на напорот на единечната пумпа при мин. број на вртежи (работа со 20 Hz или 25 Hz). Доколку променливоста на притисокот е поголема, пред постројката треба да се монтира вентил за намалување на притисокот.

Заштитен прекинувач за резидуална струја

При инсталација на заштитен прекинувач за резидуална струја поврзан со фреквентни конвертори, треба да се земат предвид само заштитни прекинувачи за резидуална струја за сите струи, според DIN/VDE 0664.

Приливен притисок

При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок (в. Технички податоци). Макс. приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0

Само за постројки за заштита од пожар Изведба според DIN 1988 (EN 806), дел 5+6

Ова не важи за постројки за гасење пожар во согласност со DIN 14462. Овие треба посебно да ги порачате.

При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806)!

Вкупен дијаграм

Вкупен дијаграм

Преземања

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Wilo-VR-System

Број на производ 2040503
Издание 1108
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (12 MB)

Преземи

Wilo-MVISE-2G

Број на производ 4102054
Издание 0806
Број на верзијата 01
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (6 MB)

Преземи

Wilo-Economy, Wilo-Comfort, -Comfort-N, Wilo-Vario

Број на производ 2063145
Издание 1007
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (47 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Comfort-N-Vario COR MVISE.../VR

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај