Wilo-Comfort-Vario COR-1 MVIE.../VR

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робустна постројка со високопритисочни центрифугални пумпи од серијата MVIE со вграден фреквентен изменувач со воздушно ладење
  • Натпропорционално голем опсег на регулирање на фреквентниот изменувач
  • Вградена целосна заштита на моторот преку PTC
  • Интегрирано препознавање на работа на суво, со автоматско исклучување при недостаток на вода преку дијаграмот на моќноста на моторната контролна електроника

Конструкција

Постројка за водоснабдување со една нормално вшмукувачка високопритисна центрифугална пумпа со интегриран фреквентен конвертот и Vario-регулатор VR за мотори од 7,5 kW

Примена

  • Целосно автоматска дистрибуција на водата и зголемување на притисокот во приливен погон или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
  • Транспорт на вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN 14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 1 пумпа од серијата MVIE со континуирано контролирана работа преку интегриран фреквентен изменувач
  • вкл. VR-контролен уред за моќност на моторот од 11 до 22 kW
  • Сите делови што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Затворачки вентил, од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-COR-1 MVIE 7002/VR

CO

Компактна постројка зголемување на притисокот

R

Ргулација со фреквентен претворувач

1

Со една пумпа

MVIE

Серија на пумпи

70

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

02

Број на степени на единечна пумпа

VR

Vario-контролор

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10 %, 50 Hz; 3~380 V ±10 %, 60 Hz (други изведби на барање)
  • Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
  • Температура на околината макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучен номинален дијаметар од приливната страна DN 100
  • Приклучен номинален дијаметар од притисочната страна DN 100
  • Степен на заштита IP54 (VR-контролен уред)
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите

Материјали

  • Работно коло од нерѓосувачки челик 1.4404
  • Степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Куќиште на пумпата EN-GJL-250
  • Вратило според тип нерѓосувачки челик 1.4057
  • Заптивки EPDM (EP851)/FKM (Витон)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Долен дел од куќиштето не`рѓосувачки челик 1.4301
  • Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
  • Притисочна обвивка не`рѓосувачки челик 1.4301
  • Лежиште волфрамкарбид
  • Цевковод од племенит челик 1.4571

Опис/конструкција

  • Основна рамка: Поцинкуван челик со ублажувачи на стегањето, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик од притисочната страна, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: се употребува 1 пумпа од сериите MVIE 70.. или 95 (до макс. моќност на моторот од 22 kW); фреквентниот изменувач со воздушно ладење, адаптиран на пумпниот мотор, овозможува континуиран режим на регулација со повратна врска помеѓу 25 Hz и макс. 65 Hz на сите пумпи од овие серии; секој составен елемент на пумпите што е во допир со медиумот е изработен од нерѓосувачки челик
  • Арматури: пумпата е опремена од притисочната страна со затворачка арматура, со DVGW-контролна ознака и со неповратен вентил со DVGW-одобрение
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил-гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и проточна арматура според DIN 4807

Вкупен дијаграм

Comfort-Vario COR

Преземања

Wilo-Multivert-MVIE 11... 22 kW

Број на производ 4093679
Издание 0809
Број на верзијата 04
Формат на страница A4
Број на страници 32

PDF (2 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Comfort-Vario COR-1 MVIE.../VR

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај