Wilo-Comfort-Vario COR MVIE.../VR

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робустна постројка со високопритисочни центрифугални пумпи од серијата MVIE со вградени фреквентни изменувачи со воздушно ладење
  • Натпропорционално голем опсег на регулирање
  • Интегрирано препознавање на работа на суво, со автоматско исклучување при недостаток на вода преку дијаграмот на моќноста на моторната контролна електроника

Конструкција

Постројка за зголемување на притисокот со 2 до 4 паралелно поврзани, нормалновшмукувачки високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, со мотори со регулиран број на вртежи и Vario-регулатор VR

Примена

  • Целосно автоматска дистрибуција на водата и зголемување на притисокот во приливен погон или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
  • Транспорт на вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN 14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-4 пумпи од серијата MHIE со континуирано контролирана работа преку интегриран фреквентен изменувач
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основната рамка е поцинкувана, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Затворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
  • Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
  • Манометар, од предната притисочна страна, изборно достапен
  • Манометар, од крајната притисочна страна
  • Изборно достапно осигурување од недостиг на вода

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-COR-3 MVIE 7002/VR

COR

Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи

3

Број на пумпи

MVIE

Серија на пумпи

70

Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа

02

Број на степени на единечна пумпа

VR

Контролна единица; VR = Vario-контролор

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10 %, 50 Hz; 3~380 V ±10 %, 60 Hz, зависно од типот и 1~230 V, 50/60 Hz (други изведби на барање)
  • Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 10 бари
  • Приклучен номинален дијаметар од крајната притисочна страна DN 200 - DN 250
  • Приклучен номинален дијаметар од приливната страна DN 200 - DN 250
  • Опсег на бројот на вртежи 1200 – 3770 1/мин
  • Степен на заштита IP54 (VR-контролен уред)
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки.
    • Вода за ладење
    • Потрошна вода
    • Вода за гасење

Материјали

  • Работно коло од нерѓосувачки челик 1.4404
  • Степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Куќиште на пумпата EN-GJL-250
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • Заптивка EPDM (EP 851)/FKM (Viton)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Долен дел од куќиштето не`рѓосувачки челик 1.4301
  • Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
  • Притисочна обвивка не`рѓосувачки челик 1.4301
  • Лежиште волфрамкарбид
  • Цевковод од племенит челик 1.4571

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкувана и опремена со придушувачи на вибрациите со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: се користат 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од сериите MVIE 70.. или 95..; фреквентните конвертори со воздушно ладење, адаптирани на моторот на пумпата, овозможуваат континуирана работа на сите пумпи од овие серии во режим на регулација со повратна врска: секој составен елемент на пумпите што е во допир со медиумот е изработен од нерѓосувачки челик
  • Арматури: секоја пумпа е опремена со по една атворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна, со DVGW-контролна ознака, односно прстенест затворачки вентил, и неповратен вентил со DVGW-одобрение од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил-гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и проточна арматура според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort-Vario-регулатор
  • Приказ на притисокот: Од крајната притисочна страна преку манометар и дополнително на алфанумеричкиот ЛЦД на Vario-контролниот уред VR. Изборен приказ на притисокот од приливната страна преку манометар
  • Регулатор: постројката е опремена со Vario-регулатор VR во стандардна изведба

Вкупен дијаграм

Comfort-Vario COR

Преземања

Wilo-Multivert-MVIE 11... 22 kW

Број на производ 4093679
Издание 0809
Број на верзијата 04
Формат на страница A4
Број на страници 32

PDF (2 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Comfort-Vario COR MVIE.../VR

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај