Wilo-Comfort-Vario COR/T-1 Helix VE...-GE

Особености/предности на производот

  • Компактна постројка подготвена за приклучување, за сите примени кои бараат системска поделба со помош на системско одвојување „Слободен испуст“, тип АВ според ЕN 13077
  • Робустна постројка преку високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix VE со интегрирани фреквентни изменувачи со воздушно ладење
  • Помали работни трошоци благодарение на новиот дизајн Helix
  • Кориснички прилагоден екран со технологија на зелено копче и мени со целосен текст
  • IF-приклучни модули за брза комуникација со BMS

Опис на серијата

Конструкција

Постројка за водоснабдување со системско одвојување и нормално вшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа со мотор со регулиран број на вртежи

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 1 пумпа од серијата Helix VE 4 или Helix VE 6, со норм-мотори еквивалентни на IE4 и со континуирано регулирана работа со вграден фреквентен конвертор
  • Максимален број степени: 13
  • PE-акумулационен резервоар, со атмосферско проветрување (150 l) за посредно поврзување за отворената мрежа за вода за пиење. Системско одвојување се изведува според DIN EN 1717 со помош на безбедносна шема „слободно испуштање“, тип АВ според EN 13077
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Затворачки вентил, од притисочната страна
  • Вграден неповратен вентил, од вшмукателната страна
  • Акумулационен раезервоар со вклучен пливачки вентил и пливачки прекинувач (сигнализатор за неодстиг на вода)
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16, од притисочната страна
  • Осигурување од недостиг на вода

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-COR/T-1 Helix VE 403

COR

Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи

T

Со вграден предрезервоар како одвојување на системот

1

Со една пумпа

Helix VE

Серија на пумпи со вградена регулација на број на вртежи

4

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

03

Број на степени на единечна пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ±10 %, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz
  • Температура на медиум макс. 40 °C
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Степени на притисок за вклучување 6/10/16 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна Rp 1 ¼"
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна Rp 1 ¼"
  • Номинален број на вртежи 1500 – 3770 1/мин
  • Прекинувачка моќност P2 макс. при макс. 10 A = 4 kW
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
    • Чиста вода без талог
    • Потрошна вода, ладна вода, вода за ладење и дождовница
    • Вода за пиење
    • Вода за гасење

Материјали

  • Работно коло и степенести комори од нерѓосувачки челик 1.4301
  • Куќиште на пумпата нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило нерѓосувачки челик 1.4301
  • Заптивка EPDM (EP 851)/FKM (Витон)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Долен дел од куќиштето не`рѓосувачки челик 1.4301
  • Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
  • Притисочна обвивка не`рѓосувачки челик 1.4301
  • Лежиште волфрамкарбид
  • База на пумпата EN-GJL-250
  • Цевковод од племенит челик 1.4307

Опис/конструкција

  • Постројка за водоснабдување, подготвена за приклучување, монтирана на PE основна плоча, со комплетен цевковод, вклучувајќи ги сите потребни арматури и затворачи (без затворачки уред од приливната страна), монтажен комплет сензор за притисок, високопритисочна центрифугална пумпа во изведба со сув ротор со интегриран фреквентен конвертор од нерѓосувачки челик (серија Helix VE)
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачки вентил, заради проверка и ревизија, со празнење и насочување на протокот според DIN 4807

Производ

PDF: Wilo-Comfort-Vario COR/T-1 Helix VE...-GE

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај