Wilo-CronoTwin-DL-E
Опис на серијата


Особености/предности на производот
- Штедење енергија со интегрирана електронско прилагодување на капацитетот
- Едноставно ракување благодарение на технологијата на зелено копче и на дисплејот
- Различни режими на работа: главна-/резервна работа и паралелна работа
- Однесување во случај на грешка, прилагодено за примена во греење и климатизација, со можност за конфигурирање
- Интегрирана целосна заштита на моторот (KLF) со електроника за активирање
Конструкција
Електронски регулирана двојна пумпа со сув ротор, во Inline-изведба, со прирабнички приклучок и автоматско прилагодување на моќноста
Примена
Транспорт на вода за греење (според VDI 2035), ладна вода и мешавини на вода-гликол без абразивни материи во системите за греење, ладна вода и ладење.
Опрема/функција
Работни режими
- Δp-c за константен диференцијален притисок
- Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
- PID-контрола
- Далечинска регулација на брзината (n = константно)
Панел за рачно управување
- Зелено копче и дисплеј
Рачни функции
- Нагодување на баран диференцијален притисок
- Нагодување на број на вртежи (рачно управување)
- Поставување на работен режим
- Нагодување на пумпа ON/OFF
- Конфигурација на сите работни параметри
- Квитирање грешка
Надворешни управувачки функции
- Управувачки влез „Overriding off“
- Управувачки влез „Екстерна замена на пумпа“ (има дејство само при режим на работа со двојна пумпа)
- Аналоген влез 0-10 V, 0-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
- Аналоген влез 2-10 V, 4-20 mA за регулациски режим (DDC) и далечинско регулирање на зададена вредност
- Аналоген влез 0-10 V за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
- Аналоген влез 2–10 V, 0-20 mA, 4–20 mA за сигнал за вистинска вредност на сензорот за притисок
Функции на сигнализација и прикажување
- Збирна сигнализација за грешка SSM
- Сигнализација за збирна работа SBM
Размена на податоци
- Инфрацрвен интерфејс за безжична размена на податоци со IR-монитор/IR-стик
- Место на приклучување на Wilo IF-модули (Modbus, BACnet, CAN, PLR, LON) за поврѕување со зградна авоматика
Безбедносни функции
- Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување
- Блокада за зафаќање
Управување со двојна пумпа (двојна пумпа или 2 единечни пумпи)
- Работа како главна/резервна пумпа (автоматска замена на работната пумпа при грешка)
- Работа како главна/резервна пумпа, замена на пумпа по 24 часа
- Паралелна работа
- Паралелна работа (вклучување и исклучување на пумпата за врвно оптоварување со оптимизација на ефикасноста)
Опсег на испорака
- Пумпа
- Упатство за вградување и работа
Означување на типот
Пример | DL‐E 50/170-7,5/2‐R1 |
DL-E | Inline‐двојна пумпа со електронска регулација |
50 | Номинален дијаметар DN на приклучок на цевка |
170 | Номинален пречник на работно коло |
7,5 | Номинална моќност на мотор P2 во kW |
2 | Бр. на полови |
R1 | Изведба без притисочен сензор |
Технички податоци
- Дозволено температурно подрачје -20 °C до +140 °C
- Приклучување на мрежа
- 3~440 V ±10 %, 50/60 Hz
- 3~400 V ±10 %, 50/60 Hz
- 3~380 V -5 % +10 %, 50/60 Hz
- Вид на заштита IP 55
- Номинален дијаметар DN 40 до DN 200
- Макс. работен притисок 16 бара
Материјали
- Куќиште на пумпа и фенер: EN-GJL-250
- Ротор:
- Стандардна изведба: EN-GJL-200
- Специјална изведба: Бронза CuSn 10
- Вратило: 1.4122
- Механичка заптивка: AQEGG, други механички заптивки на барање
Опис/конструкција
Едностепена нископритисочна двојна пумпа во Inline-изведба, со
- преклопен вентил
- Лизгачка механичка заптивка
- прирабничка врска
- фенер
- спојка
- Погон со интегрирана електронска регулација на бројот на вртежи
Вкупен дијаграм
CronoTwin-DL-E

CronoTwin-DL-E


