Wilo-Drain STS 40

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Едноставна работа преку дограден пливачки прекинувач (изведба А)
  • лесна инсталација преку вградена ногалка на пумпа
  • Работно коло од нерѓосувачки челик
  • Мала тежина

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода за наизменична работа за стационарно и преносливо водено поставување.

Примена

Транспорт на

  • Отпадна вода без фекалии
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Монофазна варијанта, подготвена за вклучување
  • Изведба А вкл. пливачки прекинувач
  • Термичко надгледување на моторот

Опсег на испорака

  • Пумпа, подготвена за приклучување, со 10 m приклучен кабел
    • Кај 1~230 V со утикач со заштитен контакт
    • Кај 3~400 V со слободен крај на кабелот
  • Изведба A со дограден пливачки прекинувач
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

на пр.:

Wilo-Drain STS 40/10-A

STS

Потопна пумпа

40

Номинален дијаметар [mm]

10

Макс. напор [m]

A

Со пливачки прекинувач

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~ 230 V, 50 Hz или 3~ 400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1 или S3 25 %
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: B
  • Термичко надгледување на намотка
  • Макс. температура на медиум: 3 – 35 °C
  • Должина на кабел: 10 m
  • Макс. длабочина на потопување: 7 m
  • Слободен куглест премин: 40 mm

Материјали

  • Куќиште на пумпа: EN-GJL-250
  • Ногалка: Сиво леано железо
  • Работно коло: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4404
  • Лизгачка заптивка од страна на пумпата: јаглен/керамика
  • Заптивка на вратило од страна на моторот: NBR
  • Статичка заптивка: NBR
  • Куќиште на мотор: Нерѓосувачки челик 1.4301

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено поставување.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со вертикални навојни врски Rp 1½. Како оработни кола се применуваат работни кола со слободно струење.

Мотор

Моторите со ладење на горната површина го предаваат вишокот на топлина преку деловите од куќиштето директно на околниот медиум и можат да се применуваат потопено при трајна или наизменична работа.

За заштита на моторот од продирање на медиумот обезбедена е заптивна комора. Употребениот медиум за полнење е потенцијално биолошки разградлив и не ја загрозува животната средина.

Моторите со наизменична струја имаат утикач со заштитен контакт, а во изведбата А се опремени и со пливачки прекинувач. Трифазните мотори се опремени со слободни краеви на кабелот.

Заптивање

Заптивањето од страна на медуимот се остварува преку лизгачка механичка заптивка која не е зависна од насоката на вртење, додека заптивањето од страна на моторот се оставува со заптивен прстен на вратило.

Вкупен дијаграм

Wilo-Drain STS 40

Производ

PDF: Wilo-Drain STS 40

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај