Wilo-Drain TP 80/TP 100

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Мотор со самостојно ладење за поставување на водено и на суво
  • Куќиште од нерѓосувачки челик 1.4404, отпорно на корозија
  • Патентирана хидраулика што не се затнува
  • Воведување на кабел со должинска непропустливост на вода
  • Мала тежина

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода за континуирана работа за стационарно и преносливо водено поставување како и за стационарно суво поставување.

Примена

Транспорт на

  • Отпадна вода со фекалии
  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Процесна вода
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Термичко надгледување на моторот
  • Надгледување на заптивањето во моторот
  • ATEX-одобрение
  • Ладење со млазна обвивка

Опсег на испорака

  • Пумпа, подготвена за приклучување, со кабел за поврзување од 10 m (со слободен крај)
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

на пр.

Wilo-Drain TP 80E160/17

TP

Потопна пумпа

80

Номинален дијаметар [mm]

E

Едноканално работно коло

160

Номинален дијаметар на работно коло [mm]

17

Моќност P2 [kW] (= вредност/10 = 1,7 kW)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Начин на работа потопена и извадена: S1
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: F
  • Макс. температура на медиум: 3 - 40 °C
  • Слободен куглест премин: 80 или. 95 mm
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Материјали

  • Куќиште на пумпа: PUR
  • Работно коло: PUR
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4404
  • Лизгачка заптивка од страна на пумпата: SiC/SiC
  • Лизгачка механичка заптивка од страната на моторот: C/Cr
  • Статичка заптивка: NBR
  • Куќиште на мотор: Нерѓосувачки челик 1.4404

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно водено и суво поставување, како и за преносливо водено поставување.

Хидраулика

Испустите од притисочната страна се изведени како хоризонтални прирабнички поврзувања DN 80 или. DN 100. Како оработни кола се применуваат едно канални работни кола.

Мотор

Мотори со ладење на горната површина со ладење со млазна обвивка што не се затнува во стандардна изведба, . Таа овозможува вишокот топлина директно да се предава на медиумот. Со тоа, овие агрегати можат да се применуваат потопени или извадени и тоа при трајна, како и при наизменича работа.

Понатаму, моторот е опремен со надгледување на заптивањето и со термичко надгледување на моторот. За заштита на моторот од продирање на медиумот обезбедена е заптивна комора. Употребениот медиум за полнење е потенцијално биолошки разградлив и не ја загрозува животната средина.

Воведувањето на кабелот е должински отпорно на вода, стандарната должина на кабелот изнесува 10 m.

Заптивање

Заптивањето од страна на медиумот и од страна на пумпата се реализира преку две лизгачки механички заптивки кои не се зависни од насоката на вртењето.

Вкупен дијаграм

Wilo-Drain TP 80/100

Преземања

Wilo-Drain TP 80E/100E - Installation and operating instructions - 50 Hz

Број на производ 6060910
Издание 2017-06
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 200

PDF (11 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Drain TP 80/TP 100

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај