Wilo-EMU 10" ... 24"

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Енергетски ефикасна хидраулика преку приспособлива хидраулика на посакуваната работна точка
  • Спроведување на вода за пиење со ACS дозвола
  • Мотори со ладење со млазна обвивка (технологија-CoolAct) за поголема густина на моќноста
  • Мотори што може повторно да се намотуваат и лесно се одржуваат
  • Изборно со Ceram CT-облога заради зголемување на степенот на корисно дејство

Конструкција

Повеќестепена 10...24” подводна пумпа во членковидна изведба, за вертикална и хоризонтална инсталација

Примена

  • Снабдување на вода и на вода за пиење од бушотини, бунари и цистерни
  • Снабдување со потрошна вода
  • комунално водоснабдување
  • Наводнување со вештачки дожди наводнување
  • Зголемување на притисок
  • За транспорт на вода во индустриската примена и за задржување на водата
  • Експлоатација на геотермална енергија
  • Експлоатација во подрачјето од надвор од брегот

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со радијални или полуаксијални работни кола
  • Хидрауликата и моторот можат слободно да се конфигурираат зависно од потребната моќност
  • Вградлив неповратен вентил (зависно од типот)
  • Трифазен мотор за директно активирање или за активирање ѕвезда-триаголник
  • Херметички залиени мотори
  • Мотори со калеми за повторно намотување

Опсег на испорака

  • Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
  • Приклучен кабел со одобрение за вода за пиење, пресек и должина на кабел како стандардна опрема или по желба на клиентот
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Example:

Wilo-EMU NK 63-17 + NU 611-2/15

Hydraulics:

NK 63-17

NK

Hydraulics

6

Diameter of the hydraulic unit in inches ["]

3

Size

17

Number of hydraulic stages

Motor:

NU 611-2/15

NU

Submersible motor

611

Size (4… = 4", 5…, 611 = 6")

2

Number of poles

15

nominal power

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Макс. температура на медиум (повисоки температура на барање):
    • NU 5... / NU 6… / NU 7… / NU 811 = 30 °C
    • NU 801 / NU 9... / NU 12.. / NU 16… / U… = 20 °C
  • Минимално струење кај моторот:
    • NU 5... / NU 7... = 0,16 m/s
    • NU 611 = 0,1 - 0,5 m/s
    • NU 811 = 0,5 m/s
    • NU 801 / NU 9... / NU 12… / NU 16… / U... = 0,1 m/s
  • Макс. содржина на песок: 35 g/m3
  • Макс. број стартувања: 10/h
  • Макс. длабочина на потопување:
    • NU 5…, NU 7… = 350 m
    • NU 611, NU 811 = 100 m
    • Останати мотори = 300 m
  • Вид на заштита: IP 68
  • Контролно подрачје за фреквентен конвертор:
    • NU 5... / NU 6… / NU 7… / NU 811 / U 21… = 30-50 Hz
    • NU 801 / NU 911 / NU 12… / NU 16… (двополен) = 25-50 Hz
    • NU 801 / NU 911 / NU 12… / NU 16… (четириполен) = 30-50 Hz

Опис/конструкција

Подводна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со радијална до полуаксијална хидраулика. Делови на куќиштето од EN-GJL или EN-GJS со облога 2K или G-CuSn10, работни кола од G-CuSn10 или NiAl-Bz.

Потисен приклучок како навоен приклучок (до K 12...) или како прирабнички приклучок. Кај типовите K 12..., K 14… може наместо потисниот приклучок да се вгради неповратен вентил. Кај останатите типови можно е надградување на неповратниот вентил директно на потисната страна.

Мотор

Трифазен мотор за директно активирање и за активирање везда-триаголник. Задихтуван, херметички залиен мотор со намотка изолирана со лак , потопен во смола (NU 5…, NU 7…) или со мотор кој може одново да се намота, со намотка со PVC изолација (NU 611, NU 8…, NU 9…, NU 12…, NU 16…, U…).

Стандардизирано приклучување на пумпа Заптивањето на моторното вратило се изведува со лизгачка механичка заптивка (сериите NU…) од чист силициум-карбид или со заптивни прстени на вратило (серија U…). Самоподмачкувачки лежишта на мотор. Аксијални лежишта за со сегнети за навалување, за преземање на високите аксијални оптоварувања. Негативниот аксијален потисокј се презема преку контра-аксијалното лежиште.

Моторите од серијата NU 5…-, NU 7…-, NU 801, NU 9…-, NU 12…- и NU 16…се наполнети со мешавина од вода-гликол, а моторите од серијата NU 611- и NU 811 се наполнети со мешавина од вода-глицерин. Алтернативно, моторите од серијата NU 611-, NU 8…-, NU 9…-, NU 12… и NU 16…можат да се наполнат со вода за пиење (изведба T). Моторите од серијата U… во принцип мора да се наполнат со вода за пиење. Дозволена е работа со фреквентен конвертор (SF 1.1)

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. При хоризонтално поставување на подводната пумпа, за потпирање мора да се користат носачи на лежиште. За подобрување на приливното струење може да се употреби плоча против вртложење или обвивка за млазно ладење.

Притисочна обвивка

Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара или 5 бара од пресек на прритисочна обвивка од 559 mm.

PDF: Wilo-EMU 10" ... 24"

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај