Wilo-EMU FA (standard)

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Безбедно работење преку хидраулика на слободен проток и едноканална хидраулика, со голем, слободен куглест премин
  • Безбедност благодарение на опционално надгледување за заптивна комора

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода без систем за разладување за континуирана работа, за стационарно и преносливо водено поставување.

Примена

Транспорт на

  • Отпадна вода со фекалии
  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Тешка робустна изведба од сиво леано железо
  • Мотори со пасивно ладење со заштита од експлозија според ATEX
  • Надгледување на температурата на намотките

Опсег на испорака

  • Потопна пумпа за отпадна вода подготвена за приклучување со приклучен кабел 10 m без утикач
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

на пр.:

Wilo-EMU FA 08.22W-133 + T 12-2/11GEx

FA

Потопна пумпа за отпадна вода

08

x10 = номинален дијаметар на притисочна врска на пр. DN 80

22

Коефициент на моќноста

W

Тип работно коло:

W = Работно коло со слободно струење

E = Едноканално коло

133

Дијаметар на работно коло во mm

T

Мотор со пасивно ладење без систем за ладење

12

Монтажна големина

2

Бр. на полови

11

x10 = должина на пакет во mm

G

Изведба на заптивањето:

H = заптивен прстен на вратило/механичка заптивка

G = две одделни механички заптивки

Експлозивни средини

Со одобрение за експлозивни средини според ATEX

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим непотопено: S2-15 односно S2-30
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: H
  • Температура на медиум: 3…40 °C
  • Должина на кабел: 10 m
  • Слободен топчест премин од 45 до 100 mm
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Материјали

  • Куќиште на пумпа: EN-GJL-250
  • Работно коло: EN-GJL и/или EN-GJS
  • Статички заптивки: NBR
  • Заптивање на страна на медиумот: Механичка заптивка од SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот (зависно од типот): -заптивен прстен на вратило од NBR - механичка заптивка од SiC/SiC или јаглен/керамика
  • Куќиште на мотор: EN-GJL-250
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4021

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено поставување.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтални прирабнички врски. Во зависност од хидрахуликата и од типот на работното коло максимално можната сува материја изнесува 8 %. Се употребуваат следните формни на работни кола:

  • Работно коло со слободно струење (W)
  • Едноканално работно коло (E)

Секоја едноканална хидраулика е опремена со прстен на топчесто лежиште и со разделен прстен од зацврстен материјал. Тие гарантираат долгорочно кон рамномерна ефикасност на агрегатот и ги минимизираат трошоците за одржување.

Мотор

Моторите со ладење на горната површина (Т-мотор) нмеаат сопствен систем на разладување и го предаваат вишокот топлина преку деловите од куќиштето директно во околниот медиум. Поради тоа овие мотори можат да се применуваат потопено при континуирана работа. Зависно од монтажната големина, тие можат да се активираат и непотопени при краткотрајна работа.

За заштита на моторот од продирање на медиумот кај сите мотори е безбедена е заптивна комора. На неа може да и’ се пристапи и од надвор, а по избор може да се надгледува и со стапчеста електрода за заптивна комора. Сите употребени медиуми за полнење се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина.

Воведувањето на кабел е должински отпорно на вода, должината на кабелот е 10 m и кабелот има слободни завршетоци.

Заптивање

Во зависност од типот на моторот, заптивањето од страната на медиумите и на моторот е достапно во следните варијанти:

  • Варијанта H: од страна на медиумот со лизгачка механичка заптивка, а од страната на моторот со една радијална прстенеста заптивка
  • Варијанта G: две лизгачки механички заптивки со независно дејство

Дозволено за експлозивни подрачја

Моторите имаат дозвола за употреба во експлозивни подрачја во согласност со ATEX.

Вкупен дијаграм

Wilo-EMU FA 08 ... FA 15 (во стандардна изведба)

Преземања

Wilo-EMU FA

Број на производ 6072704
Издание 1606
Број на верзијата 05
Формат на страница A4
Број на страници 68

PDF (1 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-EMU FA (standard)

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај