Wilo-EMU TR 22… – TR 40…

Особености/предности на производот

  • Функционира доверливо.
    Благодарение на работа без заплеткување преку наназад закривен водечки раб и самочистечка Helix-главина.
  • Редуцирани трошоци.
    Едноставно и брзо вградување, флексибилно монтирање со прицврстување на под, ѕид или цевка. Дури и во најмалите простори.

Опис на серијата

Изведба

Компактна мешалка со потопен мотор со директен пренос

Употреба

  • Вртложење на талози и цврсти материи во преливни корита за дожд и во пумпна јама
  • Уништување на покривка од пливачка кал

Означување на типот

на пр.:Wilo-EMU TR 36.95-6/8 S17
TRМешалка со потопен мотор
36x 10 = номинален пречник на пропелер во mm
95x 10 = број на вртежи на пропелер во 1/мин
6Бр. на полови
8x 10 = должина на статор во mm
S17Шифра на пропелер за заварен пропелер (без = PUR‐пропелер)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Вид заштита: IP 68
  • макс. темепратура на медиум: 40 °C
  • Лизгачка механичка заптивка со спарување SiC/SiC
  • Трајно подмачкани валчести лежишта
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Опрема/функција

  • Стационарна монтажа на ѕид и под
  • Флексибилна монтажа преку
  • При монтажа со уред за спуштање може да се врти вертикално и хоризонтално

Материјали

  • Делови на куќиштето: EN-GJL-250
  • Пропелер: EN-GJL-250, PUR или не’рѓосувачки челик 1.4571
  • Главчина на пропелерот: не’рѓосувачки челик 1.4571
  • Навојни врски: не’рѓосувачки челик 1.4301 или 1.4571
  • Заптивен прстен: не’рѓосувачки челик 1.4571

Опис/конструкција

Пропелер

Двокрилен или трикрилен пропелер со пресек на пропелерот од 220 mm до 400 mm. Конструкција без заплеткување наназад искривен водечки раб и патентирана Helix‐главчина.

Мотор

Wilo потопен мотор од серијата T (мотор со ладење на горната површина) со стандарден приклучок за едноставно и ефикасно прилагодување на моќноста на моторот. Топлината на моторот преку куќиштето се пренесува директно на медиумот. Намотката е опремена со надгледување на температурата. Долгиот работен век на лежиштето на моторот се обезбедува преку големо димензионирано косо и зажлебено куглесто лежиште.

Заптивање

Двојно заптивање на вратилото со заптивна комора со голема зафатнина, за прием на протекување од лизгачката механичка заптивка, по желба со надворешна електрода на заптивна комора. Од страна на медиумот е вметната лизгачка механичка заптивка отпорна на корозија и на абење, направена од чист силициум-карбид, а од страна на моторот има радијална заптивка на вратило. Кај типовите TR 36 / TR 40 заптивниот прстен обезбедува лежење на лизгачката механичка заптивка со трајна заштита од корозија.

Кабел

Кај доводниот вод за струја се работи за типот NSSHÖU за тешки механички барања. Доводниот вод за струја е воведен во куќиштето на моторот преку канал за кабел кој е отпорен на вода под притисок, со ослободување со повлекување и со заштита од превиткување. Одделните жили, како и обвивката на кабелот се дополнително залиени за заштита од течности.

Димензионирање

За да се обезбеди оптимален резултат при создавање на струењето, за секоја одделна примена мора да се направо посебно димензионирање. Инсталирајте ги агрегатите точно според наводитре од испорачанотто димензионирање.

Пуштање во работа

Режим на работа Ѕ1 - континуирана работа:

Погонот за мешање со потопен мотор мора да работи потопено. Вадењето на пропелерот од медиумот е забрането. Кога нивото на водата варира, мора да дојде до автоматско исклучување штом се покриеноста со вода падне под минимум. Доводниот кабел за струја мора да се монтира така што пропелерот не може да го вовлече!

Опции

  • Специјални напони
  • Термисторски температурен сензор
  • Надворешна контрола на заптивна комора
  • Облога Ceram C0
  • Одобрение за експлозивни средини според ATEX или FM

Опрема

  • Уред за спуштање
  • Помошен уред за одведување
  • Конзола за прицврстување на под
  • Специјални елементи за прицврстување, за поврзување на помошен уред за одведување за повеќе агрегати
  • Граничник за притегнување
  • Дополнително закотвување на сајлата
  • Комплети за прицврстување со сидро за поврзување

Опсег на испорака

  • Потопен погон за мешање со монтиран пропелер и кабел
  • Должина на кабел по желба на клиентот
  • Опрема по желба на клиентот
  • Прирачник за работа и одржување

Производ

Конструкција

Пред-комора

-

Комора на трансмисија

-

Заптивна комора

да

со директен погон

FU-погон

едностепен планетен погон

-

Двостепен планетен погон

-

Заптивање од страната на моторот, лизгачка механичка заптивка

-

Заптивање од страната на моторот, заптивен прстен на вратило

Заптивање од страна на медиум со лизгачка механичка заптивка

Заптивање од страната на медиумот, заптивен прстен на вратило

-

Заштита од експолозија

º

Примена

Водено поставување, монтажа на под

Водено поставување, монтажа на ѕид

Водено поставување на уред за спуштање

Водено поставување, монтажа на статив

-

Материјали

Гусен пропелер

Челичен пропелер

PUR-пропелер

PUR/GFK-пропелер

-

GFK-пропелер

-

Опрема/функција

Надгледување на температура на мотор со биметал

Надгледување температура на мотор PTC

º

Надгледување на заптивање на мотор

Надгледување на заптивна комора

º

Перките се заменуваат одделно

-

Преземања

Certification Booklet Wilo-EMU AVU

Број на производ 6078118
Издание 1509
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 29

PDF (522 kB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-EMU TR(E) / Wilo-Sevio MIX BG / Wilo-Sevio FLOW BG

Број на производ 6074694
Издание 1702
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 32

PDF (1 MB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-EMU HHV

Број на производ 6072705
Издание 1509
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 32

PDF (606 kB)

Преземи

Drainage and Sewage

Формат на страница A4
Број на страници 24

PDF (8 MB)

Преземи

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Wilo-EMU TR 22 ... TR 40 (Uniprop без запчест преносник)

Број на верзијата 3.0
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (6 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-EMU TR 22… – TR 40…

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај