Wilo-EMU TR 50-2… – TR 120-1...

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Ги обезбедува процесите.Плантениот погон е со големи димензии, со што неговата сила обезбедува ефикасна апсорбција.
  • Ефикасно искористување на струјата.Иновативната геометрија на пропелери, обезбедува најдобра можна работа. Со тоа се редуцираат трошоците за струја како и работните трошоци.
  • Функционира доверливо.Благодарение на работа без заплеткување преку наназад закривен водечки раб.

Конструкција

Мешалка со потопен мотор со едностепен планетен погон

Примена

  • создавање струење
  • суспензија на цврсти материи
  • хомогенизација
  • Спречување на покривка од пливачка кал

Опрема/функција

  • Стационарна монтажа на ѕид
  • Флексибилна монтажа преку
  • хоризонтално може да се врти при инсталација со уред за спуштање
  • слободно може да се стави во корито при инсталација преку статив
  • едностепен планетен погон

Опсег на испорака

  • Потопен погон за мешање со монтиран пропелер и кабел
  • Должина на кабел по желба на клиентот
  • Опрема по желба на клиентот
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

на пр.:

Wilo-EMU TRE 90-2.20-4/12 x

TR

Мешалка со потопен мотор

E

Високопродуктивен мотор според IE3/IE4 (со подршка на IEC 60034-30)

90

x 10 = номинален пречник на пропелер во mm

2

Модел

20

x 10 = број на вртежи на пропелер во 1/мин

4

Бр. на полови

12

x 10 = должина на статор во mm

x

Шифра на пропелер за заварен пропелер на пр. Ѕ20 (без = PUR‐пропелер)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Вид заштита: IP 68
  • макс. темепратура на медиум: 40 °C
  • едностепен планетен погон
  • Лизгачка механичка заптивка со спарување SiC/SiC
  • Трајно подмачкани валчести лежишта
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Материјали

  • Делови на куќиштето: EN-GJL-250
  • Пропелер: PUR, нерѓосувачки челик 1.4571 или PUR/GfK
  • Оска на пропелер: нерѓосувачки челик 1.4571
  • Поврзување со завртки: нерѓосувачки челик 1.4301 или 1.4571
  • Заптивна комора: нерѓосувачки челик 1.4571
  • Вратило: нерѓосувачки челик 1.4462

Опис/конструкција

Пропелер

Двокрилен или трикрилен пропелер со пресек на пропелерот од 500 mm до 1200 mm. Изведба без заплеткување со помош на наназад искривен водечки раб.

Мотор

Wilo потопен мотор од серијата T (мотор со ладење на горната површина) со стандарден приклучок за едноставно и ефикасно прилагодување на моќноста на моторот. Топлината на моторот преку куќиштето се пренесува директно на медиумот. Намотката е опремена со надгледување на температурата. Косите (но не кај TR 80-1) и зажлебени топчести лежишта со големи димензии овозможуваат долг работен век на лежиштето на моторот.

Агрегатите TRE се опремени со нов, високопродуктивен мотори TЕ коишто ја задоволуваат класификацијата IE3/IE4 (со поддршка на IEC 60034-30).

Заптивање

Заптивањето се изведува преку систем од три комори (преткомора, погонска комора и заптивна комора). Притоа, преткомората и заптивната комора со голема зафатнина го преземаат протекувањето од лизгачката механичка заптивка. Преткомората може по желба да се опреми со надворешна електрода за заптивна комора. Заптивањето помеѓу медиумот и преткомората, како и помеѓу погонската и заптивната комора се изведува со лизгачка механичка заптивка која е отпорна на корозија и на абење, од чист силициум-карбид. Заптивањето помеѓу преткомората и погонската комора, како и помеѓу заптивната комора и моторот се изведува со радијални заптивни прстени. Заптивниот ракавец обезбедува лежење на лизгачката механичка заптивка со трајна заштита од корозија.

Запчест преносник

Едностепен планетен погон со заменливи преноси. Погонските лежишта се димензионирани, така што резултирачките повратни сили се апсорбираат, а не се предаваат на лежиштето на моторот.

Кабел

Кај доводниот вод за струја се работи за типот NSSHÖU за тешки механички барања. Доводниот вод за струја е воведен во куќиштето на моторот преку канал за кабел кој е отпорен на вода под притисок, со ослободување со повлекување и со заштита од превиткување. Одделните жили, како и обвивката на кабелот се дополнително залиени за заштита од течности.

Преземања

Certification Booklet Wilo-EMU HHV

Број на производ 6072705
Издание 1509
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 32

PDF (606 kB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-EMU TR(E) / Wilo-Sevio MIX BG / Wilo-Sevio FLOW BG

Број на производ 6074694
Издание 1712
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 32

PDF (925 kB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-EMU AVU

Број на производ 6078118
Издание 1509
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 29

PDF (522 kB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-EMU AVMS(H)/ AVUS(H)

Број на производ 6078119
Издание 1509
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 29

PDF (529 kB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-EMU TR 50-2… – TR 120-1...

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај