Wilo-EMU TR 50-2… – TR 120-1...

Особености/предности на производот

  • Ги обезбедува процесите.
    Плантениот погон е со големи димензии, со што неговата сила обезбедува ефикасна апсорбција.
  • Ефикасно искористување на струјата.
    Иновативната геометрија на пропелери, обезбедува најдобра можна работа. Со тоа се редуцираат трошоците за струја како и работните трошоци.
  • Функционира доверливо.
    Благодарение на работа без заплеткување преку наназад закривен водечки раб.

Опис на серијата

Изведба

Мешалка со потопен мотор со едностепен планетен погон

Употреба

  • создавање струење
  • суспензија на цврсти материи
  • хомогенизација
  • Спречување на покривка од пливачка кал

Означување на типот

на пр.:Wilo-EMU TRE 90-2.20-4/12 x
TRМешалка со потопен мотор
EВисокопродуктивен мотор според IE3/IE4 (со подршка на IEC 60034‑30)
90x 10 = номинален пречник на пропелер во mm
2Модел
20x 10 = број на вртежи на пропелер во 1/мин
4Бр. на полови
12x 10 = должина на статор во mm
xШифра на пропелер за заварен пропелер на пр. Ѕ20 (без = PUR‐пропелер)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Вид заштита: IP 68
  • макс. темепратура на медиум: 40 °C
  • едностепен планетен погон
  • Лизгачка механичка заптивка со спарување SiC/SiC
  • Трајно подмачкани валчести лежишта
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Опрема/функција

  • Стационарна монтажа на ѕид
  • Флексибилна монтажа преку
  • хоризонтално може да се врти при инсталација со уред за спуштање
  • слободно може да се стави во корито при инсталација преку статив
  • едностепен планетен погон

Материјали

  • Делови на куќиштето: EN-GJL-250
  • Пропелер: PUR, нерѓосувачки челик 1.4571 или PUR/GfK
  • Оска на пропелер: нерѓосувачки челик 1.4571
  • Поврзување со завртки: нерѓосувачки челик 1.4301 или 1.4571
  • Заптивна комора: нерѓосувачки челик 1.4571
  • Вратило: нерѓосувачки челик 1.4462

Опис/конструкција

Пропелер

Двокрилен или трикрилен пропелер со пресек на пропелерот од 500 mm до 1200 mm. Изведба без заплеткување со помош на наназад искривен водечки раб.

Мотор

Wilo потопен мотор од серијата T (мотор со ладење на горната површина) со стандарден приклучок за едноставно и ефикасно прилагодување на моќноста на моторот. Топлината на моторот преку куќиштето се пренесува директно на медиумот. Намотката е опремена со надгледување на температурата. Косите (но не кај TR 80-1) и зажлебени топчести лежишта со големи димензии овозможуваат долг работен век на лежиштето на моторот.

Агрегатите TRE се опремени со нов, високопродуктивен мотори TЕ коишто ја задоволуваат класификацијата IE3/IE4 (со поддршка на IEC 60034‑30).

Заптивање

Заптивањето се изведува преку систем од три комори (преткомора, погонска комора и заптивна комора). Притоа, преткомората и заптивната комора со голема зафатнина го преземаат протекувањето од лизгачката механичка заптивка. Преткомората може по желба да се опреми со надворешна електрода за заптивна комора. Заптивањето помеѓу медиумот и преткомората, како и помеѓу погонската и заптивната комора се изведува со лизгачка механичка заптивка која е отпорна на корозија и на абење, од чист силициум-карбид. Заптивањето помеѓу преткомората и погонската комора, како и помеѓу заптивната комора и моторот се изведува со радијални заптивни прстени. Заптивниот ракавец обезбедува лежење на лизгачката механичка заптивка со трајна заштита од корозија.

Запчест преносник

Едностепен планетен погон со заменливи преноси. Погонските лежишта се димензионирани, така што резултирачките повратни сили се апсорбираат, а не се предаваат на лежиштето на моторот.

Кабел

Кај доводниот вод за струја се работи за типот NSSHÖU за тешки механички барања. Доводниот вод за струја е воведен во куќиштето на моторот преку канал за кабел кој е отпорен на вода под притисок, со ослободување со повлекување и со заштита од превиткување. Одделните жили, како и обвивката на кабелот се дополнително залиени за заштита од течности.

Димензионирање

За да се обезбеди оптимален резултат при создавање на струењето, за секоја одделна примена мора да се направо посебно димензионирање. Инсталирајте ги агрегатите точно според наводитре од испорачанотто димензионирање.

Пуштање во работа

Потопен работен режим Ѕ1:

Агрегатот смее да се применува само потопен при континуирана работа. Строго е забрането вадењето на пропелерот или на моторот на суво. Кога нивото на водата варира, мора да дојде до автоматско исклучување штом се покриеноста со вода падне под минимум.

При инсталација на водовите за довод на струја мора да се внимава на тоа, струењето да не може да ги вовлече во пропелерот!

Опции

  • Специјални напони
  • Термисторски температурен сензор
  • Надворешна контрола на заптивна комора
  • Облога Ceram C0
  • Одобрение за експлозивни средини според ATEX или FM

Опрема

  • Уред за спуштање
  • Статив за слободно поставување на агрегатите во коритото
  • Помошен уред за одведување
  • Специјални елементи за прицврстување, за поврзување на помошен уред за одведување за повеќе агрегати
  • Граничник за притегнување
  • Дополнително закотвување на сајлата
  • Комплети за прицврстување со котва за поврзување

Опсег на испорака

  • Потопен погон за мешање со монтиран пропелер и кабел
  • Должина на кабел по желба на клиентот
  • Опрема по желба на клиентот
  • Прирачник за работа и одржување

Производ

Конструкција

Пред-комора

Комора на трансмисија

Заптивна комора

да

со директен погон

-

FU-погон

едностепен планетен погон

Двостепен планетен погон

-

Заптивање од страната на моторот, лизгачка механичка заптивка

-

Заптивање од страната на моторот, заптивен прстен на вратило

Заптивање од страна на медиум со лизгачка механичка заптивка

Заптивање од страната на медиумот, заптивен прстен на вратило

-

Заштита од експолозија

º

Примена

Водено поставување, монтажа на под

-

Водено поставување, монтажа на ѕид

-

Водено поставување на уред за спуштање

Водено поставување, монтажа на статив

Материјали

Гусен пропелер

-

Челичен пропелер

PUR-пропелер

PUR/GFK-пропелер

GFK-пропелер

-

Опрема/функција

Надгледување на температура на мотор со биметал

Надгледување температура на мотор PTC

º

Надгледување на заптивање на мотор

Надгледување на заптивна комора

º

Перките се заменуваат одделно

-

Преземања

Certification Booklet Wilo-EMU AVMS(H)/ AVUS(H)

Број на производ 6078119
Издание 1509
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 29

PDF (529 kB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-EMU AVU

Број на производ 6078118
Издание 1509
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 29

PDF (522 kB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-EMU TR(E) / Wilo-Sevio MIX BG / Wilo-Sevio FLOW BG

Број на производ 6074694
Издание 1702
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 32

PDF (1 MB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-EMU HHV

Број на производ 6072705
Издание 1509
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 32

PDF (606 kB)

Преземи

Drainage and Sewage

Формат на страница A4
Број на страници 24

PDF (8 MB)

Преземи

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Wilo-EMU TR 80-1 (Uniprop со запчест преносник)

Број на верзијата 3.0
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (6 MB)

Преземи

Wilo-EMU TR 50-2 ... TR 90-2 (Uniprop со запчест преносник)

Број на верзијата 3.0
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (6 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-EMU TR 50-2… – TR 120-1...

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај