Wilo-EMU sprinkler pumps D..., K... and KM...

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Со сертификат VdS
  • Робусна изведба од сиво леано железо или бронза
  • Хигиенска притисочна обвивка од нерѓосуваќчки челик, отпорна на корозија, со гумено лежиште за редуцирање на бучава и вибрации
  • Неповратен вентил со VdS-сертификат е достапен како опрема

Конструкција

Повеќестепена подводна пумпа во членковидна изведба, со VdS-дозвола за вертикална и хоризонтална инсталација, за снабдување на постројки за распрскување

Примена

За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки за снабдување на постројка за распрскување

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со полуаксијални работни кола
  • NEMA-спојка (зависно од типот)
  • Трифазен мотор за директно активирање или за активирање ѕвезда-триаголник
  • Мотори со калеми за повторно намотување

Опсег на испорака

  • Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
  • Приклучен кабел според VDE/KTW, пресек и должина на кабел по желба на клиентот
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-EMU KM 1300S-2a + NU 801-2/60

Хидраулика:

KM 1300S-2a

KM1300

Тип на хидраулика

S

Коригирано работно коло

2

Број на степени на хидрауликата

A

Дефиниран дијаметар на работно коло

Мотор:

NU 801-2/60

NU

Подводен мотор (NU…, U…)

801

Монтажна големина (6... = 6"; 8... = 8"; 9... = 10"; 12... = 12"; 15... = 16")

2

Бр. на полови

60

Должина на пакет (cm)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V/50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Макс. температура на медиум: 25 °C
  • Макс. содржина на песок: 35 g/m3
  • Макс. број стартувања: 10/h
  • Макс. длабочина на потопување: 300 m
  • Вид на заштита: IP68

Опис/конструкција

Подводна пумпа за вертикално или хоризонтално вградување во резервоари за снабдување на постројки за распрскување.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со полуаксијална хидраулика. Делови на куќиштето од EN-GJL со облога 2K или G-CuSn10, работни кола од Noryl или Noryl или G-CuSn10 Управувачко куќиште со разделни прстени од специјална бронза. Потисен приклучок како прирабнички приклучок.

Мотор

Трифазен мотор со намотка со можност за повторно намотување, со РVC-изолација, за директно активирање и за активирање со ѕвезда-триаголник. Облога на мотор од нерѓосувачки челик со квалитет A2/A4 или челик/G-CuSn10. Приклучување на пумпа до 8"-монтажна големина како NEMA-приклучок, од 10"-монтажна големина како стандардизиран приклучок. Заптивање на вратилото на моторот со лизгачка механичка заптивка од чист силициум-карбид.

Аксијални лежишта за со сегменети за навалување, за преземање на високите аксијални оптоварувања. Негативниот аксијален потисокј се презема преку контра-аксијалното лежиште. Самоподмачкувачки лежишта. Моторите од сериите NU 4…-, NU 5…-, NU 6...-се стандардно наполнети со мешавина од вода-гликол. Тие можат алтернативно да се наполнат со вода за пиење (изведба T). Моторите од серијата U… во принцип мора да се наполнат со вода за пиење.

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. При хоризонтално поставување на подводната пумпа, за потпирање мора да се користат носачи на лежиште. За подобрување на приливното струење може да се употреби плоча против вртложење или обвивка за млазно ладење.

Притисочна обвивка

Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара или 5 бара кај агрегатот D 500.

Вкупен дијаграм

Wilo--EMU D..., K..., KM...

PDF: Wilo-EMU sprinkler pumps D..., K... and KM...

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај