Wilo-Economy CO-1 MVIS.../ER

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Систем што работи речиси бесшумно преку високопритисочна центрифугална пумпа со воден ротор од не’рѓосувачки челик
  • До 20 dB[A] потивок од конвенционалните системи со споредлива хидраулична моќност
  • Сигурна работа преку комбинација на пумпната серија MVIS со контролен уред ER-1

Конструкција

Постројказа водоснабдување со нормалновшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа во изведба со воден ротор

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 1 пумпа од серијата MVIЅ
  • Максимален број степени: 10
  • Трифазен мотор со воден ротор
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамна од не’рѓосувачки челик 1.4301, опремена со ублажувачи на стегањето, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава
  • Затворачки вентил, од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-CO-1 MVIS 204/ER

CO

Компактна постројка зголемување на притисокот

1

Со една пумпа

MVIS

Серија на пумпи

2

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

04

Број на степени на единечна пумпа

ER

Контролен уред; ER= економичен регулатор

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~230/400 V ±10 %, 50 Hz (други изведби на барање)
  • Температура на медиум макс. 50 °C
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 6 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Степени на притисок за вклучување 6/10/16 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна Rp 1¼ - Rp 1½
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1¼
  • Номинален број на вртежи 2800 1/мин
  • Вид на заштита IP54 (контролен уред ER)
  • Расклопна моќност P2 макс. при макс. 10 A = 4 kW (при дополнително вклучен електромеханички удел на моќност > 4 kW)
  • Осигурување од страната на мрежата [AC 3] соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
    • Чиста вода без талог
    • Потрошна вода, ладна вода, вода за ладење и дождовница
    • Вода за пиење
    • Вода за гасење

Материјали

  • Ногалка од не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Работни кола не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило не’рѓосувачки челик 1.4122
  • Лежиште/механичка заптивка јаглен, импрегниран со синтетичка смола
  • Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4571

Опис/конструкција

  • Постројка за водоснабдување, подготвена за приклучување, монтирана на основна рамка од не‘рѓосувачки челик, заедно со придушувач на осцилации, со комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, вклучувајќи ги сите потребни арматури и затворачи (без затворачки уред од приливната страна), комплет притисочен преклопник, високопритисочна центрифугална пумпа во изведба со воден ротор (MVIS) и контролен уред ER-1 монтирана подготвено за приклучување и ожичена; во контролниот уред има електроника за активирање заради осигурување од недостиг на вода.
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил-гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и проточна арматура според DIN 4807
  • Контролен уред: постројката е опремена со Economy-регулатор ER--1 во стандардна изведба

Вкупен дијаграм

Economy CO-1 MVIS

Преземања

Wilo-ER 1, ER 1-A

Број на производ 2021982
Издание 0705
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 35

PDF (2 MB)

Преземи

Wilo-Economy CO-1 ..., CO/T-1 ... .../CE+ .../ER, Wilo-Comfort-Vario COR-1 ... ...-GE .../VR

Број на производ 2527299
Издание 1007
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 33

PDF (18 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Economy CO-1 MVIS.../ER

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај