Wilo-Economy CO-Helix V…/CE

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робустен систем во согласност со сите барања на DIN 1988 (EN 806)
  • WRAS/ KTW/ ACS-одобрение на пумпите за сите делови во контакт со медиумот (верзија EPDM)
  • Високоефикасна хидраулика на пумпа од серијата Helix V поврзана со IE3 IEC норм-мотори
  • Спојка за проширување, за замена на механичката заптивка без расклопување на моторот (над 7,5 kW)
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Едноставно дефинирање на поставките и сигурна работа благодарение на применетиот уред за управување CE
  • Фабричка проверка за претходно поставување на оптималното работно подрачје (заедно со потврда за прием во согласност со EN10204 - 3.1)

Конструкција

Постројка за зголемување на притисокот со 2 до 4 паралелно поврзани, нормално вшмукувачки вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик. Подготвена за приклучување, со цевковод од не‘рѓосувачки челик, монтирана на основна рамка, заедно со контролен уред, со сите потребни уреди за мерење и регулирање.

Примена

  • Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2 – 4 пумпи по постројка од сериите Helix V 4 до Helix V 52 со IE3 норм-мотор
  • Автоматско управување со пумпите преку CM приклучна табла
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со висинско поместување на придушувачите на осцилации, за изолација од вибрациона бучава
  • Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301
  • Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
  • Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
  • Манометар (од предната притисочна страна) изборно достапен
  • Манометар (од крајната притисочна страна)
  • Изборно достапно осигурување од недостиг на вода

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-CO-2 Helix V 405/CE

CO

Компактна постројка за зголемување на притисокот

2

Број на пумпи

Helix V

Серија на пумпи

4

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

05

Број на степени на единечна пумпа

CE

Контролна единица; CE = Controller Economy

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ±10 %, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бари
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½ - DN 200
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 1½ - DN 200
  • Номинален број на вртежи 2900 1/мин
  • Вид на заштита IP54 (CE контролен уред)
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на DIN 1988 (EN 806).
    • вода за пиење и загреана вода за пиење
    • Вода за ладење
    • Вода за гасење

Материјали

Helix V 4 до Helix V 16

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • Заштитен муф на вратило на O-прстен за заптивање од EPDM
  • Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301

Helix V 22 до Helix V 52

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпата од сиво леано железо EN-GJL 250 со KTL-облога
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • Заштитен муф на вратило на O-прстен за заптивање од EPDM
  • Цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301

Опис/конструкција

  • Основна рамка: Поцинкувана од челик и опремена со придушувачи на вибрациите со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, погоден за приклучување на сите материјали што се користат во цевководите
  • Цевководот е димензионира според хидрауличната вкупна моќност на постројката за зголемување на притисокот
  • Пумпи: 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix V 4 до Helix V 52
  • Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик; други изведби на барање
  • Одобрение KTW/ WRAS/ACS за делови коишто се во допир со медиумот
  • Арматури: секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со затворачка арматура со контролна ознака DVGW, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на крајната притисочна страна, за управување на централниот Easy Controller CE
  • Приказ на притисокот: преку манометар ø63 mm на крајната притисочна страна
  • Дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок во алфанумеричкиот LCD екран на Easy Control CE Controller
  • Контролен уред: Постројка во стандардна изведба со Easy Controller CE

Вкупен дијаграм

Wilo-Economy CO Helix V.../CE

Производ

PDF: Wilo-Economy CO-Helix V…/CE

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај