Wilo-Economy CO-MHI.../ER

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Компактна постројка со извонреден однос помеѓу цената и моќноста, кој одговара на барањата на DIN 1988
  • 2-4 паралелно поврзани хоризонтални високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата MHI
  • Едноставно нагодување и сигурна работа преку вградени контролни уреди ER 2 до ER 4

Конструкција

Постројка за зголемување на притисокот со 2 до 4 паралелно поврзани, нормалновшмукувачки хоризонтални високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-4 пумпи по постројка
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основната рамка е поцинкувана, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Цевковод од не‘рѓосувачки челик 1.4571
  • Погонски куглест вентил/прстенест зтворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
  • Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
  • Манометар (од предната притисочна страна) изборно достапен
  • Манометар (од крајната притисочна страна)
  • Изборно достапно осигурување од недостиг на вода

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-CO-2 MHI 405/ER

CO

Компактна постројка за зголемување на притисокот

2

Број на пумпи

MHI

Серија на пумпи

4

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

05

Број на степени на единечна пумпа

ER

Регулатор; ER= економичен регулатор

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~230 V /400 V ±10 %, 50 Hz (други изведби на барање)
  • Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 10 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна Rp 1¼ - DN 100
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна Rp 1¼ - DN 100
  • Номинален број на вртежи 2850 1/мин
  • Вид на заштита IP54 (контролен уред ER)
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
    • Вода за ладење
    • вода за пиење и потрошна вода
    • вода за гасење (водена линија; за сува линија на барање - внимавајте на специјалните директиви на DIN 1988 (EN 806) и на Управата за заштита од пожар!)

Материјали

  • Работни кола: не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Степенести комори: не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Куќиште на пумпа: не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Вратило: не’рѓосувачки челик 1.4404
  • Заптивка: EPDM (EP 851)/FKM (Витон)
  • Капак на куќиштето: 1.4301/1.4404
  • Механичка заптивка: В-јаглен/волфрамкарбид
  • Притисочна обвивка: 1.4301/1.4404
  • Лежиште: волфрамкарбид
  • Ногалка на пумпа: алуминиум

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкувана и опремена со ублажувачи на стегањето, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од сериите MHI 2, MHI 4, MHI 8 и MHI 16; сите делови на оваа пумпа што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик
  • Арматури: секоја пумпа е опремена со затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна, со DVGW-контролна ознака, и неповратен вентил со DVGW-одобрение од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил-гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и проточна арматура според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Economy-регулатор
  • Приказ на притисокот: преку манометар ø63 mm на крајната притисочна страна
  • Контролен уред: Постројката е опремена со Economy-регулатор ER 2-4 во стандардна изведба

Вкупен дијаграм

Economy CO

Производ

PDF: Wilo-Economy CO-MHI.../ER

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај